Напуштена џамија претворена во живописен геометриски мурал

01.06.2016 07:58
Напуштена џамија претворена во живописен геометриски мурал

Откако во претходниот проект уметникот Окуда Сан Мигел со своите мурали црквата во Шпанија ја претвори во скејтпарк, сега трансформира една напуштена џамија во огромен мурал со наслов „11 Mirages to Freedom“. Во рамки на проектот кој е дел од иницијативата за улична уметност Caravane на Британскиот совет, уличниот уметник структурата на џамијата ја исцрта со геометриски мечки, птици и човечки лица.

Сан Мигел, кој досега работел на архитектонски проекти, го наслика секое од единаесетте лица на објектот, вклучувајќи ги и забранетите прозорци на градбата. Истите тој ги претвори во птичји кафези, капи и маски, кои беспрекорно се инкорпорирани во целосната структура на џамијата. Се разбира, сè додека не се погледне во тие тајни, забранети отвори.

Извор: weburbanist.com

ОкоБоли главаВицФото