Криминалната „Македонска полиција“ се чатали дека ги „уапсила“ чаталите на „Шарена револуција“

01.06.2016 10:07
Криминалната „Македонска полиција“ се чатали дека ги „уапсила“ чаталите на „Шарена револуција“

Каналот „Македонска полиција“ објави видео „Лишено од слобода лице од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „Оштетување туѓи предмети““.

Во видеото, кое е веќе предмет на потсмев на социјалните мрежи, „Македонска полиција“ се чатали дека ги „уапсила“ чаталите, кантите со боја, пластичните водени пушки, спрејовите и кутијата „Шарени донации“ – целокупниот „арсенал“ на „Шарена револуција“ со кој најтранспарентно се шараа корумпираните институции пред очите на МВР.

Колку за потсетување, „Македонска полиција“ лани не успеа да спречи две терористички групи кои со огромен арсенал оружје (дел украден токму од караулата Гошинце) се споија и се забарикадираа во Куманово.

Неколку началници од „Македонска полиција“ беа осомничени за тортура, ништење на опрема за следење комуникации на УБК, а поранешното раководство на МВР се сомничи и за изборен криминал и други тешки кривични дела. Аболицијата за неколку врвни полициски функционери сеуште не е поништена.

Поранешната министерка за внатрешни работи беше аболицирана 13 пати, а актуелниот министер за внатрешни работи е поставен со газење на уставот кој пропишува на чело на полицијата да раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години.

Извор: http://slobodna.mk

ОкоБоли главаВицФото