Aлис Моришита

01.06.16 10:26

Алис Моришита е родена во 1982 година во Токио, Јапонија. Денес таа живее и работи во Берлин, Германија. Уметноста отсекогаш играла важна улога во нејзиниот живот. Од нејзиното рано детството почнала да слика со акварел, акрилик, пастел, мастило, молив, итн. Во 2001 година, Алис Моришита заминува во Италија да студира моден дизајн на Иститутот „Марагони“ во Милано, Италија.

По една година морала да се откаже од студиите поради финансиски потешкотии. Потоа се враќа во Јапонија, каде што работи во модната индустрија. Водена од страст за уметноста, по осум години се откажува од работата за повторно да се пресели во Европа. По одредено време поминато во Париз, конечно се сели во Берлин вложувајќи ја целата своја енергија во развивање на уметничките способности.

Нејзината работа главно е инспирирана од природата и античките мотиви. Цртежите на Алис Моришита често прикажуваат човечки тела со глави на животни, кои се одраз на длабока врска со природата. Таа наоѓа убавината во човечкото тело и во неговите различни движења. Алис вели за природата најмногу учи со набљудување на инсекти и други животни.

Фигуративен питон

Од 2 септември до 22 септември 2016 година, Nomad Store & Gallery, со седиште во Берлин, со гордост ја најавуваат изложбата на Алис, која претставува избор од нејзините дела во мешани медиуми, со наслов Trails of the Soul. Делата од галеријата се дел од претстојната изложба. 

Чудноста на судбината

Трио

Приказни кои треба да се раскажат

Тврдина

Танц

Чекање

Танц II (колаж)

Маскарада

„Знам“ (експериментално дело со вез)

Извор: weandthecolor.com

ОкоБоли главаВицФото