Таинствено уметничко делo од дрвја засадени во 1977 година

02.06.2016 09:43
 Таинствено уметничко дела од дрвја засадени во 1977 година

Во 1977 година, скулпторот Дејвид Неш одбележал и расчистил одредена површина од земјиштето во близина на неговиот дом во Велс, каде што засадил и одгледувал круг од 22 јасени кои растеле во форма на вител, за уметничкиот проект со наслов Ash Dome. Речиси четириесет години подоцна, дрвјата сè уште растат. Дејвид Неш, низ својата уметничка пракса долго време работел со дрво и природни елементи, често во своите дела инкорпорирајќи вистински живи дрвја или дури и животни.

Точната локација на уметничкото дело Ash Dome во регионот Шовдонија, во северозападен Велс, е добро чувана тајна, и филмските екипи и фотографи на кои им било дозволено да го видат, наводно, биле донесени по заобиколен пат за да се заштити точната локација. Уметникот Неш во едно интервју за Меѓународниот Скулптурен Центар вели:

„Кога првпат го засадив прстенот од дрвја за Ash Dome, студената војна сè уште претставуваше закана. Имаше сериозни економски проблеми, многу висока стапка на невработеност во нашата земја, а нуклеарната војна беше реална можност. Ја убивавме нашата планета, и тоа за жал сè уште го правиме поради алчност. Во Велика Британија владата брзо се менуваше, па затоа имавме краткорочни политички и економски планови. Да се направи проект со садење дрвја во 21-от век, она што претставува самиот Аsh Dome, значеше долгорочна посветеност, чин на верба. Во тој момент не знаев точно во што се впуштам.

Д-р Џејмс Фокс неодамна го посети уметничкото дело за рубриката Forest, Field & Sky: Art out of Nature. На каналот YouTube може да се види видеото во кое се претставени шест различни уметници од Велика Британија кои се занимаваат со уметност во природата. Можат да се видат и снимки од Ash Dome и од скулпторот Дејвид Неш додека работи на своето уметничко дело.

Извор: www.thisiscolossal.com
 

ОкоБоли главаВицФото