Црква изградена од жици

03.06.2016 10:34
Црква изградена од жици

Уметникот Едуардо Тресолди изградил интерпретација на ранохристијанска црква која некогаш стоела на своето место во сегашниот археолошки парк во Сипонто, Италија. И тоа не би бил необичен податок доколку оваа црква не беше изградена од жица, сосема чуден избор на материјал за конструирање на таков тип на градба.

Изградена со помош на Министерството за културно наследство активности и археологија на Пуља, инсталацијата ги поврзува древната археологија и современата уметност.

Скулптурата стои на местото на поранешната црква со своето сенишно присуство, и наликува на осветлен холограм во паркот. И покрај тоа што е конструирана од жица, инсталација содржи детални аритектонски елементи, вклучувајќи столбови на нивоа, куполи и статуи кои стојат во рамките на структурата.

Извор: www.designboom.com