Груица, Чафков, Гатаро, ебете се!

03.06.2016 19:29
Груица, Чафков, Гатаро, ебете се!

Слушам дека полицијата на вмро-дпмне поднела кривични пријави против седумина соборци од Шарената револуција. Тие пријави ќе ги процесуираат обвинителството на вмро-дпмне и судот на вмро-дпмне.

Тој гест на Злосторничкото здружување не доближува до генералниот судир во кој ќе биде односно веќе е сосема јасно дека тие не не признаваат нас како граѓани, а ние не ги признаваме нив како власт!

Меѓу тие две позиции е историската барикада што ние ќе мораме да ја урнеме, просто, немаме друг избор освен да ја урнеме и од другата страна да ја смачкаме злосторничката власт, физички, морално, културно, да ја смачкаме, не само да ја детронизираме, туку да и ги уништиме сите хромозоми и таму, на тој туѓ односно оттуѓен терен, да ја извојуваме нашата победа и да си ја вратиме слободата.

На другарите што непосредно ги гонат им препорачувам да ги игнорираат инсталациите на хунтата, вклучително и таканаречената полиција и таканареченото обвинителство и вампирскиот суд, да ги засилат индивидуалните мерки на претпазливост и безбедност, а на сите во шарената револуција и во слободоумниот свет пошироко, на опозицијата, посебно на Социјалдемократскиот сојуз како најголема партија им упатувам апел да се вклучат со сите сили во борбата против теророт врз нашите прогонети другари и против теророт врз сегашноста и иднината на сите нас!

Злосторничкото здружување на власта сака да не’ заплаши, сака да си ги сочува своите урбани монструми од боите на револуцијата, сака да се зачува себе си. Но треба да знаат дека седумте кривични пријави ние ги сметаме како 77.000 кривични пријави! Ние сите се сметаме пријавени и затоа чувствуваме потреба да изјавиме:

Чафков, еби се!

Грујица, еби се!

Гатаро, еби се!

Се гледаме вечер во шест!

Танкерите со боја ќе пристигнат половина час подоцна!

Фотографии: Ванчо Џамбаски