Мотивациски тетоважи

04.06.2016 10:55
Мотивациски тетоважи

Некој ви го скршил срцето? Подложни сте на стрес на работното место? Или само не ги сакате понеделниците? Мотивациските тетоважи со испечатени афирмирачки пораки можат да бидат спас за таквите проблеми или барем привремен лек за која било емоционална рана.

На некои од дизајните се наоѓаат зборчиња како што се „храброст“, „самодоверба“, „издржливост“, како потсетник дека силата треба постојано да се одржува во ситуации кои прават да се чувствуваме немоќни и слаби. Некои од нив содржат повеќе текст за инспирација, почнувајќи од мотивациската реченица „ќе успеете во тоа“, до онаа поттикнувачка реченица која звучи како смирувачки лек и ви вели дека „вие сте доволно добри во тоа што го правите“. Секој од нив е симпатично и умно сведоштво за човечката потреба од поттик и надеж дека нештата можат да тргнат на подобро.

Тетоважите се во боја и јасно изработени верзии, сите се печатени со сјај и потенцирани детали. Пакетчињата со 15 одбрани стилови се моделирани во посебни кутивчиња. Сетовите можат да се купат на интернет и да се чуваат во сопствениот медицински кабинет, па секогаш кога на вашиот дух му треба регенерирање, освежување и поттик, соодветната мотивациска тетоважа ќе направи магичен трик и ќе ви помогне да се справите со деликатните ситуации.

Извор: culturenlifestyle.com