Техничка влада со политички мандат!

07.06.2016 09:58
Техничка влада со политички мандат!

Всушност, техничката влада треба да го организира отстранувањето на земските останки на злосторничкото здружување на вмро-дпмне од губилиштето на историјата: да ги однесе под најтешката пневматска преса, па под најситната сецкалка, па пак под споменатата преса, па во високата печка на главниот колаборационист и мирновременски профитер на злото, мандаринот Мин Чо!

Второ, техничката влада мора да биде ослободена од присуството на луѓе кои во изминативе 26 години биле во високата политика како индивидуи и партиски инстанци и од нивното влијание, максимум колку е тоа можно.

Трето, техничката влада мора да ги постави основите за реформа на партиско-политичкиот систем со тоа што на следните избори нема да допушти учество на инкримининирани субјекти, најмалку на злсторнички субјекти, како и на оние кои ќе одбијат да се трансформираат од клиентелистички и апашанатски акционерски друштва, во политички субјекти.

Техничката влада не смее да биде влада која ќе ги подготви техничките детали за продолжетоците на старата игра на оние кои на оваа држава и на луѓето во оваа држава им ја ебаа мајката на најокрутен начин.

Тие можат да не го попречуваат конституирањето и функционирањето на таа влада ако на убедлив начин им се предочи дека тоа решение е најмалку лошо или, дури, дека е најдобро за нив.

Тоа е!

Од идиотите мораш да бараш максимум ако сакаш да бидеш задоволен од тоа за што си се изборил.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Странски служби

ОкоБоли главаВицФото