Во „Излет“ се собираат донации за поддршка на шарените револуционери

07.06.2016 11:23
Во „Излет“ се собираат донации за поддршка на шарените револуционери

Денес од 13 часот па сè до крајот на денот, во кафулето „Излет“ ќе се собираат донации за паричните казни кои Шарените револуционери се очекува да ги добијат за боењето на окупираните државни институции и кич-објектите и спомениците од криминалниот проект „Скопје 2014“.

-Шарената револуција продолжува со својата борба за враќање на правдата и демократијата во Република Македонија. Но, за жал, оваа револуција не е без своите жртви. Притисоците продолжуваат, заканите и уцените продолжуваат. Кафе бар „Излет“ беше дел од еден од ваквите напади. Нас нема да нè исплашат. Ќе ја продолжиме нашата поддршка за сите граѓани кои се борат за еднаквост, правда и слобода!

Но, во изминативе неколку дена, притисоците од МВР се заострија. Само во Скопје се поднесени кривични пријави против 7 од најактивните граѓани – нашите Шарени Командоси. За нив се очекува да добијат огромни парични казни за боењето на Триумфалната порта.

Целиот персонал од кафе бар Излет, поттикнат од морални и солидарни причини, се одлучи да организира настан за собирање на парични донации во Вторник (07.06.2016), кој ќе започне во 13 часот и ќе трае до крајот на работното време.

СИТЕ ЗА ЕДЕН и ЕДЕН ЗА СИТЕ!

Само заедно сме најсилни против злото на овој режим. Да бидеме сите солидарни и да им помогнеме на оние од нас кои си го ризикуваат животот и своите најблиски, во името на сите нас, во името на сите граѓани на Република Македонија. За слобода, за правда, за еднаквост! – стои во Фејсбук најавата за настанот.