Мислам дека сите во раководството на ДПМНЕ молат бога СЈО да го пикне Грујо во затвор!

07.06.2016 11:02
Мислам дека сите во раководството на ДПМНЕ молат бога СЈО да го пикне Грујо во затвор!

Ееееј кошарка, човече!!!

Државата тоне у секој можен аспект, СЈО утре држи нов прес со нови три обвиненија, германскиот специјален пратеник доаѓа во вторник, аферата со гатачката БРУИ како вулкан, уште не слегнале страстите околу комунистичките портрети, Шарена револуција се заканува со блокада на улици и автопати, цел свет ни се смее за она што ни се случува, а овој ги собрал тоа загарите и у брутално смешен аутфит, фатиле да играат баскет, човече! И сторијата ја насловиле ЗДРАВ ЧОВЕК - ЗДРАВ ЖИВОТ?!

Еееј, човецииииии!!! АЛООО БАРДОВЦИИ, ЈЕЛИ СЕ ЧУЈЕМООО?!?!

Сè повеќе мислам дека цело раководство на ДПМНЕ и цела влада се заложници, жртви, киднапирани од овој лудак и сега не смеат да мрднат, бувално се во заточеништво и молат бога СЈО да ги ослободи и да го стрпа овој лудак во Идризово и да ги спаси!!!

Јас веќе ги жалам овие луѓе! Еееј, недела, ден за одмор и семејство и акање по ливади, он ги собрал у сала да играат кошарка, ги натерал да остават жени и деца дома, и да млатат кошарка пред камери за да покажат демек, еве, не се плашиме, не сме у паника?! ЗДРАВИ СМЕ?!?!

Штом дојде ред да нè убедувате дека сте ЗДРАВИ, се знае колку е саат и колку сте здрави! Туку и ние со вас ќе одлепиме кај да е!

Извор: Мактел
Слика: Александар Ковачевски