Работниците кои ќе починат додека се во работен однос ќе мораат да го доработат стажот постхумно

07.06.2016 16:32
Работниците кои ќе починат додека се во работен однос ќе мораат да го доработат стажот постхумно

Скопје, 7 јуни 2016

Според новиот закон кој ги регулира работничките права и пензиското осигурување, работниците кои ќе починат пред да го одработат стажот потребен за пензија, ќе мораат постхумно да работат додека не ги исполнат условите за пензионирање.

„Работниците повеќе нема да можат да се провлекуваат преку дупките во законите и да одат во пензија на товар на даночните обврзници. Доста беше. Со оваа реформа, таквите неработници ќе мораат да работат додека не го исполнат стажот, без разлика дали починале“, објаснува министерот за труд и социјала, Диме Спасов.

Тој нагласува дека ваквата реформа е добра и за самите покојни работници, бидејќи работата го краси човекот, во некои случаи ослободува, а освен тоа, според одредени истражувања, во задгробниот живот може да биде многу досадно.

Пензионерите кои ќе бидат расположени за работа и откако ќе го исполнат стажот, ќе можат да аплицираат за хонорарна работа во една од бројните задгробни економски зони отворени во Македонија.

„Има работа за сите, само треба да се исполнат основните критериуми при аплицирањето“, велат од македонската влада, објаснувајќи дека секој нововработен покојник ќе мора да донесе по четири мртви гласачи за ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: news-bar.hr