Екстерно тестирање – учениците се учат дека не треба да протестираат?!

08.06.2016 01:19
Екстерно тестирање – учениците се учат дека не треба да протестираат?!

На социјалните мрежи започнаа да се споделуваат фотографии од прашањата на екстерното тестирање кое деновиве се спроведува во училиштата во Македонија.

Едно од контроверзните прашања е:

„Што од наведеното не е начин за разрешување на конфликт?“

Понудените одговори се „компромис“, „согласност“, „протест“ и „договор“.

Со оглед на тоа што точниот одговор кој го предвидел Државниот испитен центар е „протест“, на социјалните мрежи граѓаните коментираат дека со ова учениците се манипулираат и од мали нозе им се всадува идеја дека не треба да протестираат бидејќи така нема да решат ништо?!

Екстерното тестирање секоја година нуди повеќе контроверзни и скандалозни прашања и понудени одговори за кои има бурни реакции во јавноста, и преку него, всушност, се гледа што учат младите генерации.

Извор: Либертас