Докторите предупредуваат: почна сезоната на промаја!

08.06.2016 10:48
Докторите предупредуваат: почна сезоната на промаја!

Скопје, 8 јуни 2016

Докторите предупредуваат дека сезоната на промаја веќе на големо е започната и го аргументираат тврдењето со зголемен број пациенти кои минатата недела побарале помош поради различни тегоби предизвикани од оваа појава.

Вкочанет врат, болки во грбот и зглобовите се само некои од симптомите на кои се жалат граѓаните кои ги затекнавме во чекалната на една скопска амбуланта.

„Ова е период од годината во кој условите за настанување промаја се просто идеални. Наглиот скок на температурите делува шокантно врз организмот, па луѓето сакаат да се разладат и прават сериозна грешка отворајќи ја вратата и прозорците, што како последица има појава на промаја“, вели доктор Весна Ветерова од скопскиот клинички центар.

„Можете лично да се уверите дека чекалните се полни со пациенти кои бараат помош од нас. Условите за работа ни се дополнително отежнати, зашто двајца колеги се на боледување поради проблеми предизвикани од промаја. Ни самата не сум поштедена, промајата ми предизвика неконтролирано движење на очниот капак, но и покрај тоа дојдов на работа за да го дадам својот придонес во надминувањето на оваа тешка ситуација“, раскажува Ветерова.

Најзагрозени во овој случај се нашите постари сограѓани, иако промајата ги погодува сите генерации. Сигурен лек сè уште не е откриен, па докторите ги повикуваат граѓаните да водат сметка за препорачаните мерки за превенција. Слоевито облекување, избегнување на јавен превоз, подземни премини и што пократок престој на отворено се некои од мерките со кои можете да се заштитите и да ги спречите опасните последици кои промајата ги носи со себе.

Извор: www.njuz.net