Илон Маск планира да испрати луѓе на Марс уште во 2024 година

08.06.2016 12:16
Елон Маск планира да испрати луѓе на Марс уште во 2024

Додека НАСА и другите вселенски агенции на проектот поврзан со праќање луѓе на Марс работат речиси со темпо на полжав, а во што често проблеми им создаваат и кратковидите политичари, се чини дека Илон Маск нема намера да чека до средината на 2030-тите за да ги види првите луѓе на површината на Црвената планета.

Да се потсетиме дека сопственикот на компанијата SpaceX, познати по своите ракети Falcon 9, кои се конструирани за вертикално слетување по летот, но и капсулите Dragon, кои веќе во текот на следната година ќе ги донесат првите астронаути на Меѓународната вселенска станица, неодамна објави дека во 2018 година има намера на Марс да ја испрати капсулата Драгон 2, без екипаж и без далечински управувач успешно да ја спушти на површината на планетата.

Меѓутоа, во текот на овонеделното гостување на конференцијата Code, која се одржува во калифорниското гратче Ранчо Палос Вердес, Маск откри дека веќе во 2024 година има намера да испрати луѓе на Марс, со планирано пристигнување на Марс во текот на 2025 година, што е значително порано од нејасните планови на НАСА.

За да ја остварat горенаведената цел, Маск и неговите соработници ќе мораат да надминат цела серија пречки, почнувајќи од успешно тестирање на ракетите Falcon Heavy, превозници трипати посилни од моменталните Фалкон 9 ракети, кои би требало да ја лансираат капсулата Драгон и придружните возила во правец на Марс, преку успешно слетување на Марс и животот на екипажот на површината, па сè до безбедно враќање на Земјата. Тоа би бил голем потфат за една велесила како САД, а да не зборуваме за приватна фирма, но, познавајќи го Маск, постои голема можност дотичниот својот план сепак да го спроведе во дело, и тоа со целосен успех.

Покрај тоа, Маск уште во 2013 година најави дека има намера да изгради т.н. Mars Colonial Transporter, кој би имал можност да превезе дури 100 луѓе на Марс, со крајна цел да се создаде голема марсовска колонија. Како и да е, претприемачот Елон вети дека за деталите околу својата вселенска програма ќе проговори наскоро, и тоа уште во септември оваа година.

А додека Маск не нè упати во деталите, може да се погледне одличното видео каде што е објаснето како SpaceX има намера да го испрати Драгон 2 на Марс во текот на 2018 година.

Извор: znanost.geek.hr

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото