Шарена револуција‬ / ‎Протестирам‬ ги осудува сите форми на насилство

09.06.2016 04:55
#‎ШаренаРеволуција‬ / ‪#‎Протестирам‬ ги осудува сите форми на насилство

Драги соборки и соборци,

#‎ШаренаРеволуција‬ / ‪#‎Протестирам‬ ги осудува сите форми на насилство кон граѓаните без разлика од кого се тие иницирани.

Во времиња кога нашата држава тоне во автократија, ние мора да останеме присебни и обединети во борбата против оние кои сакаат да ни ја одземат слободата. Нашите оружја се храброста, аргументите и слободната мисла. Ја осудуваме секоја форма на агресија бидејќи тоа е јазикот на власта.

Нема да дозволиме изолирани случаи да го оцрнат нашиот крик за слобода. Шарена револуција / Протестирам од ден во ден обединуваат сè повеќе граѓани. Патот кон слободата е напорен и тежок. Иако е тешко во време на лудило да се остане со мирно срце, ве повикуваме да им одолеете на провокациите и да ги изолирате провокаторите. Тоа нè прави различни од насилниците на власт.

За време на денешната блокада на раскрсницата кај Соборниот храм, едно лице преку упатување вербални закани и пцовки се обиде и делумно успеа да испровоцира помал инцидент. За среќа немаше повредени и лицето веднаш ја напушти локацијата.

Се решивме да тераме ненасилна борба против режимот и цврсто стоиме на тоа. Ги замолуваме сите граѓани за воздржаност при ваквиот вид провокации и поголема толеранција.

Насилството не е решение!

Искрено жалиме за изолираните инциденти, тие не ги одразуваат нашите намери и ставови.

Извор: Шарена револуција