Индиско село во кое не постојат врати и брави

09.06.2016 11:31
Индиско село во кое не постојат врати и брави

Зачекоруваме во селото Шани Шингнапур, селото во кое на куќите не постојат врати, местото во кое продавниците секогаш се отклучени, а локалните жители никогаш не се во опасност. И сето тоа благодарение на една легенда стара триста години...

Ова е приказната за селото Шани Шингнапур кое се наоѓа во индиската држава Махараштра, каде што жителите се чувствуваат сигурно и безбедно благодарение на вечната верба во богот Шани, Богот на Сатурн, кој се смета за заштитник на селото, пишува БиБиСи.


Легендата и богот Шани

Легендата настанала пред триста години кога, по обилните дождови и поплави, на бреговите на реката Панаснала (која тогаш течела низ селото) била пронајдена голема црна камена плоча. Според легендата, кога селаните со стап ја допреле камената плоча од 1,5 метри, од неа потекла крв.

Подоцна таа ноќ, господарот Шани се појавил во соништата на селскиот водач откривајќи дека камената плоча била негова. Шани имал еден необичен услов: камената плоча и нејзините сили не смеат да бидат скриени, така што тој би можел слободно да го надгледува целото село. Според легендата, Шани го благословил водачот и ветил дека селото ќе биде заштитено од секаква опасност.Откако жителите поставиле голема плоча на платформата во срцето на селото, одлучиле да ги отстранат сите врати и брави. Веќе не им биле потребни бидејќи биле под заштита на богот Шани.

Откако жителите поставиле голема плоча на платформата во срцето на селото, одлучиле да ги отстранат сите врати и брави. Веќе не им биле потребни бидејќи биле под заштита на богот Шани.
Традиција која се негува со години

Традицијата продолжува и кај идните генерации, а жителите повремено ставаат само дрвени плочи на своите врати за да ги спречат кучиња да влегуваат во домовите. Како и да е, овие луѓе немаат врати, и својот накит и пари ги оставаат без заштита, бидејќи цврсто веруваат дека нивниот свет чувар ќе им помогне и ќе ги заштити од секакво зло. Дури и јавните тоалети на селскиот плоштад имаат само тенка завеса на влезот поради зачувување на приватноста.

Дури ни полициската станица и банка немаат врати

Интересно е дека сите нови градби мораат да ги почитуваат овие протоколи. Полициската станица, отворена во септември 2015 година, која не добила ниту една единствена тужба од жителите, нема влезна врата. Исто така, Обединетата Комерцијална банка во Шани Шингнапур, во 2011 година ја отворила својата прва филијала без врата, поставувајќи стаклен влезстакло во духот на транспарентноста и едвај видлива електромагнетна брава со далечински управувач, со цел да ги испочитува жителите.

Жителите на ова село се однесуваат толку ноншалантно, што дури и не бараат од своите соседи да им ја причуваат куќата додека тие се надвор од селото. Тие веруваат дека крадците веднаш ќе бидат казнети со губење на видот и дека ќе ги следи несреќа следните 7,5 години. Всушност, локалните жители велат дека еден селанец, кој ставил дрвена плоча на влезот од својата куќа, следниот ден доживеал сообраќајна несреќа.


Шани Шингнапур, живеалиште на 40.000 поклоници

Поради оваа чудна историја и верувања, Шани Шингнапур привлекува поклоници од цела Индија. Најмалку 40.000 посетители доаѓаат секој ден за да го видат некогаш скромниот храм кој прерасна во голем храм со голем имот и донации.

Иако во Шани Шингапур официјално не се случувале кражби со векови, еден посетител во 2010 година пријавил дека од неговото возило се украдени скапоцености и пари во вредност од 35.000 рупи. ВО 2011 година била пријавена уште една кражба, кога исчезнале златни орнаменти во вредност од 70.000 рупии. Меѓутоа, сите обвиненија биле отфрлени, бидејќи селаните биле убедени дека овие кражби се случиле надвор од селото.

Од друга страна, скептиците тврдат дека ниската стапка на криминал во оваа населба е последица на оддалечената локација на селото, а не на чудотворната моќ на боговите.

Каква и да е вистината, времињата се менуваат и некои жители сакаат да престанат со овој долгогодишен обичај, барајќи дозвола од организацијата на локалната самоуправа да се вградат врати и брави за да ја зачуваат безбедноста на своите семејства.

Меѓутоа, повеќето селани се надеваат дека традицијата ќе се зачува и дека Шани ќе продолжи да ги чува и заштитува од сите зла.

Извор: www.6yka.com

 

 

 

 

 

ОкоБоли главаВицФото