1012 hPa
36 %

24 °C
Скопје - Саб, 19.04.2025 15:59
Активистите од Шарената револуција вчера почнаа да одбројуваат до 18 јуни, датумот кој го прогласија како краен рок за исполнување на нивните барања. Кај раскрсницата во близина на СЈО симболично беше испишан со боја бројот 9, со кој почнува одбројувањето.
Шарената револуција го најави и новиот протест кој треба да се одржи на 10 јуни, во 18 часот пред СЈО.
„Поминаа три дена откако Иванов целосно ја повлече аболицијата и откако прецизно ги испорачавме нашите црвени линии и рокови. Власта молчи, Уставниот суд молчи, институциите на прогонот молчат. Време е за нов крик, време е да ги потсетиме дека до 18 јуни Уставниот суд мора да се произнесе за уставноста на СЈО за да сме сигурни дека правдата ќе биде заштитена. Повторно ќе бидеме на улица, повторно ќе протестираме! Да им кажеме дека одбројуваме до 18 јуни. Да им кажеме дека мора да бидат ослободени сите приведени демонстранти и да бидат повлечени сите пријави од МВР кон нашите соброки и соборци“, велат од Шарената револуција.
Подолу можете да ги погледнете фоторафиите на Ванчо Џамбаски од вчерашната акција.