Шарената револуција почна да му одбројува на режимот! На 9 јуни, на раскрсницата кај СЈО симболично беше испишан бројот 9, кој ги означува деновите што преостануваат до конечно исполнување на барањата на Шарената револуција.
Британците, уште пред неколку столетија, направиле попис на зборови, наречени „непарламентарен јазик“, со кои политичарите не смеат да ги ословуваат потитичките ривали: „предавник“, „лажго“ , „хипокрит“, „идиот“, „кукавица“, „свиња“... се на една поширока листа на зборови. Згора на тоа, смислена е и задолжителна употреба на изразот „праведниот и чесен џентлмен“кога се ословува опонентот во парламентот.
Замислете ја таа комбинација на зборови во нашиот парламент: „праведниот и чесен господин“ тој и тој е мафијаш, предавник или свиња. Не, ние не дозволуваме да ни се ограничи слободата на говор со некакви пристојности. Во нашата комуникација не постојат такви бариери па во интервјуто, шефот на опозицијата ги нарече претставниците на највисоката извршна власт „мафија“. Власта, за да не остане покусо ја употребува истата терминологија кон опозицијата. Пратениците се oдамна дел од таквиот дискурс а новинарите и интелектуалците чекорат во ритамот на парадата на невкус и примитивизам која никако да запре еве веќе триесет години.