1025 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 04:59
Вчерашниот протест на Шарената револуција помина во знакот на збогувањето со легендарниот карикатурист Дарко Марковиќ, кој почина на 9 јуни. Голем број граѓани низ улиците шетаа носејќи цртежи со популарниот лик Пецко, преку кој Дар-Мар со децении луцидно и беспоштедно ја критикуваше власта и глупоста во македонското општество.
Шарените револуционери го продолжија одбројувањето, целосно обојувајќи ја улицата пред Собранието, а во средина го испишаа бројот осум, потсетувајќи на бројот на денови кои остануваат до крајниот рок за исполнување на нивните барања.
Атмосферата од протестот ја пренесуваме преку избор од фотографиите на Ванчо Џамбаски.