1019 hPa
83 %
18 °C
Скопје - Сре, 18.09.2024 13:59
Слоганот „Косово е Србија“ однесе премногу животи последниве стотина години за и понатаму да го прифаќаме без преиспитување. Наместо да повторуваме дека Косово е срцето, глава, колевката и сл., подобро е темелно да ја преиспитаме политиката која за време на 20-от век ја водевме кон неговото население.
Нашата историја тврди дека сме го ослободиле Косово во балканските војни. Свесно се премолчува дека Косово е припоено кон Србија против волјата на мнозинското население. Нашата власт со децении го држеше преку употреба на сила. Неговите жители никогаш не ги прифаќаше како свои. Србија со тешки злосторства дојде на Косово во 1912 г. и со тешки злосторства си замина од него во 1999.
Нашата држава јасно покажа дека не може да го држи Косово без насилство. Преку насилството им нанесуваме огромна штета на другите, но и себе си. Беззаконието создава моќни убијци кои однесувањето научено на Косово подоцна го применуваа низ цела Србија. Сите бевме сведоци на разните „патриоти“ и легионери во блиндирани џипови, кои со имотот одземен од Косово стекнуваа престиж во нашето општество. Станаа толку моќни што го убија и премиерот.
Исходот на лошата политика е тоа што Косово веќе одредено време не е во заедница со Србија. За многумина од нас ова не е саканото решение. Долги години живеевме под ист покрив. Очигледно е дека и Албанците и Србите го сакаат Косово. Нашите области и нашите народи се упатени едни кон други. Меѓутоа, во српско-албанските односи денес се соочуваме со две навидум непремостливи пречки:
Разбирливо е дека Србите не сакаат да живеат одвоени од колевката на својата култура, но соодветен начин да се постигне тоа не е наметнувањето власт над друг народ. Разбирливо е дека Албанците не сакаат да живеат под српска власт, бидејќи ниеден народ не сака да живее под друг народ. Треба да научиме да живееме едни покрај други, а не едни под други. Досега имавме војна. Имавме повеќевековна крвна одмазда. Не донесе резултат. Мораме да научиме соживот.
Кога ќе се договара заедничкиот живот треба да се уважи реалноста. Ситуацијата е таква што Србија нема контрола над Косово и не треба да ја стекне против волјата на косовското население. Да разгледаме некои од моделите за заеднички живот:
Нашата држава не е ни првата ни последната која се соочува со губење на дел од територијата. За време на целата пишана историја на човештвото границите се менувале секојдневно. Од нашиот ум зависи во какви односи ќе го продолжиме соживотот. Можеме да одбереме меѓусебно уважување и некој вид комонвелт или безизлезен судир. Србија може да го признае Косово за република и може да продолжи да живее заедно со него или да продолжи да ја игнорира реалноста.
Србија и понатаму своите претензии на Косово ги оправдува со историските и законските аргументи. Доколку постои нешто што се нарекува „историско право“, тогаш Косово и’ припаѓа на Турција, бидејќи во нејзин состав поминало најмногу време. Секое повикување на законитоста е обично лицемерие откако противуставно и насилно ја укинавме косовската автономија во 1989 г. Единственото право кое го имаме е правото да живееме таму. Правото кое им го ускратувавме на Албанците. Во Србија љубовта кон Косово секогаш одеше рака под рака со омразата кон неговите жители. За разлика од многу српски „косовољупци“, јас навистина го сакам Косово. Со целото негово население и целокупната негова историја. Косово е место на средби.
Србија треба да го гледа Косово како свое дете и да му пружа безусловна поддршка и разбирање. Како и да се развиваат настаните, подобро е Белград и Приштина да бидат пријатели. Не можеме да работиме против Косово, истовремено зборувајќи дека го сакаме. Политиката на меѓунационалната омраза се покажа како многу разорна за куќите, стоките, луѓето и тлото.
Кога ќе сфатиме дека иднината на Србите и Албанците, како и минатото, е нераскинливо поврзана, ширењето на омразата ќе престане да биде основното политичко начело. Би требало нашата држава да му помогне на народот на Косово, барем во услови на некаква природна непогода. Нашата политика кон Косово не треба да ја исклучува нашата хуманост.
Крајно време е да се однесуваме пријателски кон Косово.
Извор: Peščanik.net
Јебига и Јужна Осетија и
Испратено на 15 мај 2010 од Dame1612Јебига и Јужна Осетија и Абхазија не се Грузија ама некој упорно се труди да ни објасни дека се . Што не појдат истиве овие и не му објаснат на Саакашвили да се "соочи со реалноста" него стално трубат дека му одзеле дел од територијата на неговата држава .... Углавно едно е јасно после 20 години демократизација ,кај обичните граѓани веке се наздираат јасни контури на омраза и одбојност против западните демократии и нивните вредности .
После рушењето на портокаловата Украинска револуција и востанието на Таџикистанците против про западниот им диктатор на ред се режими како оној во Србија . Интересно би било сценарио според кое во Србија би дошле Шешељовци на власт со помош парите на нафтените руски магнати .
kosovo
Испратено на 16 август 2010 од АнонименШто е бе работава со текстовиве за Косово? Волку про-Албански и Американски ставови немам прочитано во последниве 15 години. Каква е оваа пропаганда, како ние да сме паднати од марс па не ја знаеме која е вистината:)
Стварно, мозоциве веќе ни се
Испратено на 18 октомври 2010 од гоце скСтварно, мозоциве веќе ни се исцедија од перење...