Изложба на Дина Беленко во училиштето „Никулец“

12.06.2016 12:26
Изложба на Дина Беленко во училиштето „Никулец“

Во понеделник, на 13 јуни, 2016 година, креативната онлајн платформа www.nikulec.com прославува три години од своето лансирање. Тригодишнината ќе биде одбележана со изложба на неколку дела на Дина Беленко, фотографката од Хабароск, од далечниот исток на Русија, која низ фотографите оживува безживотни предмети.

Таа создава хипнотизирачки панорами со прикази од вселената, на еден мошне необичен начин. Во процесот не се служи со ексклузивни телескопи, туку со кујнски алат, крофни и многу брашно. Повеќе за нејзините дела може да откриете на следниот линк:

Делата на Дина ќе бидат изложени на настанот под име „Патронат“, на улица Милан Марковиќ 26, со почеток во 20 часот.

За својот начин на работа, Беленко вели:

„Панорамите се за чоколадни колачиња, за соништа за меѓуѕвезден лет, за крофни и средби со вонземјани. Раскажувам оживеани приказни за неживите предмети. Јас сум личност со малечки хартиени градови, коцки шеќер, месечина од полимер глина, минијатурни кукли, скршени филџани, скршена голдбергова машина, пресликани сложувалки, гранки, картонски змејови и истурени кафиња. И фотоапарат. Останатото не е битно. Ме интереисра идејата за нереализирани настани. Како во 'Елегија на невозможното сеќавање' на Хорхе Луис Борхес. Моите фотографии се секако поедноставни, но голем број од нив се посветени на нешто што е невозможно, или што такво се чини. Забележав дека ми е полесно да создадам фотографија во која сонувам за патување, со мапи и планови, отколку фотографија за реално патување – едно сосема неизвесно чувство кое ми се допаѓа.“

Повеќе на за делото на Дина Беленко можете да прочитате овде.