Племенската кралица на рокенролот пее за Косово, Авганистан и сиромаштијата во Вашингтон

13.06.2016 11:12
Племенската кралица на рокенролот пее за Косово, Авганистан и сиромаштијата во Вашингтон

Една од најважните рок уметници на денешницата има нов албум и доаѓа на Inmusic во Загреб. Првпат се појави во деведесеттите во топлес, на насловната на NME, му го скрши срцето на Ник Кејв, двапати ја освои наградата Меркјури, и никогаш не се откажа од своите политички убедувања.

За Pj Harvey првпат слушнав пролетта во 1992 година, кога се појави топлес на насловната на списанието NME. На британската сцена тогаш владееше бритпопот: Во истиот број на NME беа Blur, Charlatans и Primal Scream, кои тогаш многу повеќе ме интересираа отколку некои млади кревки девојки со црни коси и зелени очи кои не се вклопуваа во ниту еден постоечки жанр. И можеби засекогаш ќе останеше запаметена по тој несреќен топлес, доколку еден месец подоцна не излезеше албумот „Rid of Me“, чиј продуцент беше Стив Албини, кој на Англија ѝ ја претстави новата голема кантавторка.

Поли Џин Харви е родена и израснала во градчето Бридпорт, во Дорсет, каде што и денес живее. Песни почнала да пишува уште на 16 години, а на 18 се приклучува на бендот на Џон Париш, Automatic Dlamini. Поради својот прв договор со издавачката куќа Too Pure, го одложила запишувањето на колеџот Сеинт Мартин; мислела, дека ако не успее во музичкиот свет, секогаш ќе може да се врати на факултет, но тоа никогаш не се случи, бидејќи уште нејзиниот прв сингл „Sheela-Na-Gig“ постигна голем успех.

Две години по Rid of Me го издава албумот To Bring you My Love со кој ја покори и Америка, а една година подоцна најголемата популарност ја донесе дуетот со Ник Кејв на неговата песна Henry Lee, од албумот Murder Balads. Харви и Кејв се заљубија на снимањето на спотот, и иако врската не потраја долго, Кејв тешко ја преболе Поли Џин и ѝ ги посвети поголемиот дел од песните од следниот албум The Boatman’s Call (West Country Girl, Black Hair, Green Eyes…)


Почетоци

Во време на најголемата популарност на бритпопот, во 1992 година на насловната на NME се појави Поли во топлес. 

Новиот имиџ

На преминот на милениумот Pj Harvey го објавува албумот Stories from the City, Stories from the Sea, благодарение на кој стана првата женска изведувачка која ја доби престижната британска музичка награда „Меркјури“ (а со албумот Let England Shake стана единствената уметница која таа награда ја освоила двапати). Потоа гостува на проектот Desert Sessions на Џош Хоми, а една година подоцна гостува и на албумот на Марк Ланеган, Bubblegum. Во 2007 година го издава интроспективниот албум White Chalk, на кој гитарските дисторзии ги заменија нежните клавирски звуци, а со промената на звукот дојде и промената во облекувањето. Додека пееше за мажот кој само сака да го види без облека (This is Love), носеше кожени мини-здолништа и чизми со високи потпетици, но White Chalk го покажа новиот имиџ на дивата со долги црни трепки и долги свилени здолништа. За костимографијата на албумот Let England Shake се обратила на својата долгогодишна пријателка, белгиската дизајнерка Ен Демелмистер. Музиката за Демелмистер отсекогаш била централниот дел во нејзините ревии, на кои можеа да се слушнат Sonic Youth, Nine Inch Nails, Marlyn Manson, Nick Cave…

Let England Shake излезе во 2012 година и ја потврди PJ Harvey како една од најважните музичарки во последните две десетлетија. Додека White Chalk во поголем дел беше автобиографски албум, инспириран од руските романи, Let England Shake беше историски, инспириран од војни и војување, од бројните бојни полиња на Првата светска војна, до оние поновите на Блискиот исток и во Авганистан. Но, можеби најголем комплимент му даде англиската фолк пејачка Линда Томпсон која изјави дека е импресионирана од фактот дека жена може да напише цел албум, а да не спомене „некој глуп тип“, освен „мртов глупав тип“.

Песните од новиот албум The Hope Six Demolition Project, Pj Hаrvey ги напишала во Косово, во Авганистан, и во предградието на Вашингтон. Косово го посети летото во 2011 година, во друштво на Симус Марфи, воениот фотограф кој овој регион го посетувал уште од крајот на деведесетите. Само пет месеци пред тоа излезе „Let England Shake“, но таа веќе го истражуваше теренот за својот нов проект. Во бележниците запишувала сè, а искуствата од напуштените косовски села, авганистанските базари и меѓу спомениците на главниот американски град пружија темел за новиот амбициозен проект. „Собирањето информации од секундарни извори се чинеше предалеку и поради тоа патував. Сакав да вдишам воздух, да го почувствувам тлото и да ги запознаам луѓето од местата од кои бев фасцинирана“ – изјавила музичарката.

Симус Марфи го запознала уште во 2008 година, во текот на истражувањето за Let England Shake, за кој Марфи сними низа кратки филмови, а потоа ги повикаа на DokuFest, познатиот фестивал на документарни филмови во Призрен. Во Косово го посетија манастирот во Пеќи каде то ги снимаа свештениците кои можат да се чујат на новиот албум, напуштените села покрај Призрен, а на местото Косово поле го видоа саемскиот округ, кој стана инспирација за првата песна – остар коментар на етничкото чистење кое го зафати Балканот. Речиси сè што видела на своите патувања го претвори во песни – во селото Богушевци ја запознаа Загорка, своевидна клучарка на селото која ги чува клучевите на луѓето кои ги напуштиле домовите, која стана дел од песната Chain of Keys. „Ме потсетува на мојата баба“, запишала Харви во бележникот, чии густо испишани делови можат да се видат во е-книгата која оди со албумот.

Славната двојка 

По разделбата, Ник Кејв ѝ посвети албум на фаталната Поли

Последната етапа

Следната дестинација беше Кабул, главниот град на Авганистан, во кој го посетуваат живописниот базар Шор и локалните саеми. Песната The Ministry of Social Affairs настанала кога ја видела фотографијата на Марфи со напуштените згради на министерството, пред кои седеле младич без нога и бремена кучка, додека тажната Dollar, Dollar ја инспирирало лицето на малиот просјак.

На паузата меѓу истражувањето го објавува синглот Shaker Aamer, за да го сврти вниманието на британските државјани заточени во Гвантанама, а пролетта во 2014, таа и Марфи се упатија и кон последната етапа од патот, Вашингтон. Нивниот примарен интерес бил сиромашното афроамериканско население кое живее преку патот Капитол Хил, во местото Анакостија. Водич им бил турчин кој во Анакостија држи пицерија. Осиромашеното и запуштено предградие послужило како предлошка за насловната песна The Community of Hope, а самото име на албумот The Hope Six Demolition Project, се однесува на планот на американската влада да ги ревитализира најлошите стамбени проекти во земјата. Американскиот дел од албумот е најмоќен. И самата истакнала дека зборовите ѝ се поважни од музиката, но она што е поважно да се истакне е дека повторно важи правилото дека PJ Harvey никогаш не снимила два исти албуми, па така е и овојпат.

Let England Shake беше снимен во црква во Дорсет, и ниту овој албум не сакаше да го снима во студио, па ја одбраа лондонската галерија Somerest House. Снимањето во два наврати беше отворено и за јавноста, а заедно со Џон Париш, кој е нејзиниот најдолговечен соработник, со тоа нејзин надолгогодишен продуцент е Флод, како и музичарите Марк Бати, Мик Харви (поранешниот член на Bad Seeds) и Хенрих Ров. Европската турнеја која започнува на фестивалот Primavera во Барселона, Поли Џин ќе ја донесе и на загребскиот фестивал Inmusic. Ќе ја придружува деветочлен бенд, додека за сценографијата ќе се погрижи Џереми Херберт, сценографот кој ги исценира повеќето драми на Сара Кејн, а на минималистичката сцена, Поли ќе биде претставена, како што самиот објасни, како некој вид племенска кралица.

Извор: Глобус