Зошто е лесно луѓето да се натераат да прават лоши работи?

13.06.2016 15:57
Зошто е лесно луѓето да се натераат да прават лоши работи?

Кога ќе направат лоша работа под туѓа наредба, луѓето често се обидуваат да ја намалат својата одговорност, оправдувајќи се со тоа дека тие само ги следеле наредбите на другите. Но, како што тврдат истражувачите на универзитетот UCL во Лондон и универзитетот Либре во Брисел, луѓето не го прават тоа само за да избегнат казна. Всушност, во ситуации кога се принудени да направат нешто со лош исход, поединците го губат чувството за одговорност.

Еден тим научници, за да го реши проблемот на намалена одговорност, се обидел да го објасни феноменот познат како „чувство на делување“ (англ. sense of agency). Чувството на делување е доживување кое се јавува во свеста на луѓето кога нивните постапки ќе предизвикаат одреден ефект. На пример, ако го притиснете прекинувачот и светилката се запали, дејството и неговата последица ќе ги доживеете истовремемено, иако меѓу нив има мала временска разлика.

Луѓето перцепираат подолг временски период меѓу делото и неговиот исход кога тој е негативен, а помал кога исходот е позитивен. Различното доживување на временската разлика меѓу одредени дејства и нивните позитивни и негативни резултати во 2013 година ги испитувале истражувачите од UCL и покажале дека луѓето имаат намалено чувство на поврзаност со своите активности кога тие водат до лоши резултати.

Истражувањето за тоа колку е лесно да се убеди одредена личност да прави лоши работи, научниците од универзитетите во Лондон и Брисел ги спровеле на тој начин што на испитаниците им дале задача друга личност да изложат на мал електро шок, своеволно или со наговор од други луѓе. На оние кои самоволно се согласиле да ја завршат задачата, им била ветена мала парична награда. Секој учесник знаел колку болка ќе му предизвика на другиот, бидејќи во текот на експериментот нивните улоги се менувале.

Се покажало дека кај учесниците кои биле принудени да ги извршуваат задачите, перцепцијата на временскиот период меѓу самите активности и нивните последици е подолга. Исто така, кај овие испитаници била намалена и психолошката обработка на последиците од сопствените активности. Во наредните експерименти, учесниците наместо на слаб струен удар биле изложени на финансиски казни.

„Кога го имате чувството на делување, вие се чувствувате одговорни за исходот, се менуваат доживувањата на временските разлики меѓу она што сте го направиле и она што со тоа го предизвикувате, а разликата меѓу тие ситуации не е значајна“, вели Патрик Хагард од UCL.

Слика: Нејтан Џејмс

Извор: Elementarium.cpn.rs 

ОкоБоли главаВицФото