1016 hPa
94 %
10 °C
Скопје - Пет, 06.12.2024 15:59
Активистите од Шарена револуција со уште една герилска акција вчера го продолжија своето одбројување. Овојпат, тие го испишаа бројот 6 на мостот „Око“, пред Уставниот суд, потсетувајќи ја власта дека остануваат уште шест денови за исполнување на нивните барања.
Освен барањето Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО и да запре прогонот врз демонстрантите, активистите имаат уште неколку барања од власта:
• Оставка од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори;
• Формирање на специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
• Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
• Процесот на решавање на кризата да се одвива на територија на Република Македонија;
• Оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;
Фотографии: Ванчо Џамбаски