Кривулест павилјон од брилијантно наредени тули ги поканува посетителите на интеракција со архитектурата

14.06.2016 11:04
Кривулест павилјон од брилијантно наредени тули ги поканува посетителите на интеракција со архитектурата

Секоја година галеријата Serpentine Gallery Pavilion во Лондон, сместена во срцето на градините на Кенсингинтон, на неочекувани начини се трансформира и прави премин во областа на архитектурата. Оваа година, просторот беше преземен од страна на данскиот архитект Бјарке Ингелс, од дизајнерската компанија BIG, кој прави комбинација од едноставен минимализам со чудесна речиси лебдечка и модерна конструкција. Неговата кула од фибер стаклени кутии е минлива во формата и функцијата, служи како уметнички павилјон, простор за одржување предавања, место за одржување музички манифестации и уште многу други настани за сите заинтересирани посетители.

Делото се состои од 1,802 шупливи блокови наредени во висина од 46 стапки кои се поврзани со алуминиумски ленти. Навидум едноставна, инсталацијата е конструирана да може да функционира на мноштво начини, набљудувана од некои агли добива изглед на ѕид, за од друг агол да се преобрази во футуристички ходник во три-димензионален простор. Светлината струи низ структурата, создавајќи модели кои се шират низ ентериерот, а посетителите се поканети да се искачат на градбата, која функционира како засолниште, мебел и уметничко дело.

„Користејќи како материјал нешто толку конвенционално како ѕид или гигантски полици, деконструирајќи го тој материјал за да се направат нови простори, всушност значи создавање на нешто необично од обичното“ – објаснува Ингелс. „Мислам дека тоа е суштината на архитектурата: создавање поезија од практичното; користење на сите оние секојдневни елементи и составување на истите на начин на кој работата станува авантура.“

Ова авантуристичко уметничко парче го одбележува шеснаесетото инспиративно дело кое е дел од павилјонот од моментот кога галеријата започна со сериите. Други големи имиња кои биле соработници во текот на годините се Заха Хадид, Френк Гери, Алваро Сиза и Петар Замтор.

Маестралното парче на Ингелс е неверојатно разновидно и естетски префинето, а ги исполнува и барањата кои се важни за една архитектонска иновација. Посетителите ќе имаат можност да го истражуваат неговото дело од 10 јуни до 9 јули. Меѓутоа, оние кои нема добијат можност да патуваат до Лондон за лично да го видат павилјонот, компанијата Archilogic создаде виртуелна верзија со која можете да „отпатувате“ онлајн.

Извор: www.adventuresofyoo.com

 

 

ОкоБоли главаВицФото