Груевски ги демантираше граѓаните кои тврдат дека се сиромашни

14.06.2016 12:12
Груевски ги демантираше граѓаните кои тврдат дека се сиромашни

Скопје, 14 јуни 2016

Поранешниот премиер Никола Груевски денес остро ги демантираше граѓаните кои тврдат дека живеат тешко и се на работ на егзистенцијата, и ги обвини тие што ги пренесуваат таквите вести дека работат против интересот на Македонија.

Груевски рече дека ова се неосновани обвиненија кои имаат за цел дестабилизација на земјата и спречување на нејзиниот економски раст и напредок.

„Луѓето можат да зборуваат што сакаат, но нашите резултати говорат сами по себе. Никогаш во Македонија не било подобро. Изминативе години направивме повеќе од сите влади од 1945 до денес, лидери сме во Европа по економски раст, а просечната плата првпат во историјата надмина 900 евра. Не е убаво кога човек се фали, но погледнете само колку фабрики отворивме минатата година, па градењето автопати... Само злонамерните денес живеат тешко и зборуваат наоколу за тоа“, заклучи Груевски.

По неговото обраќање, Петре С., човек кој до вчера тврдеше дека нема од што да живее и дека егзистенцијата на неговото семејство е загрозена, го промени мислењето и сега тврди дека му е добро.

„До вчера бев невработен, успевав како што знам и умеам да го прехранам семејството, а на децата да им обезбедам услови за школување. Денес го слушнав обраќањето на Груевски и сфатив дека тоа е илузија и дека всушност живееме баш добро, и покрај тоа што сè уште немам работа и не знам со што ќе ги платам основните животни потреби. Веднаш разговарав со жената и децата, им обрнав внимание на добрите услови во кои живееме и ги предупредив повеќе да не се жалат дека се гладни и немаат што да облечат“, рече тој со одредена доза каење.

Ставот на Груевски го поддржаа и министрите на ВМРО-ДПМНЕ и најавија дека наскоро ќе објават список на луѓе кои странските служби ги плаќаат да бидат сиромашни.

Извор: www.njuz.net
Слика: Свирачиња