Скопски книжевен фестивал за мали фикции ДРУГА ПРИКАЗНА

14.06.2016 16:10
Скопски книжевен фестивал за мали фикции  ДРУГА ПРИКАЗНА

Време е за друга приказна. Не само општествено-политичка, туку и културна. Не само макро туку и микро. Затоа решивме да ја поттурнеме работата. Годинава прв пат го организираме скопскиот книжевен фестивал за мали фикции, ДРУГА ПРИКАЗНА. Ќе се одржува секоја година во јуни. Оваа година, и поради „Шарената револуција“, главна тема на фестивалот е „Книжевноста и активизмот“.

Фестивалот првенствено е македонски (што значи, не строго скопски!) и регионален, но има и европска димензија; гости на фестивалот често ќе бидат луѓе од Европа.

Фестивалот има цела низа цели; меѓу поважните се: популаризација на книжевноста; преиспитување на улогата на книжевноста во општеството; преиспитување на жанровските граници, на релациите меѓу „популарното“ и „елитното“, „високото“ и „ниското“, ангажираното и ескапистичкото; преиспитување на улогата на писателот во новите локални и глобални контексти; осмислување и практикување на нови стратегии за културни поврзувања, и локално и регионално и глобално; вмрежување на македонските автори и искуства во регионален контекст; збогатување на скопската културна понуда лете...

Поднасловот на фестивалот, Мали фикции, значи дека наш примарен интерес се малите книжевни форми, згодни за јавно и сценско споделување. Но, нè интересираат и хибридните книжевни форми, местата каде што книжевноста се среќава со музиката, графиката, медиумите, естрадата, теоријата...

Програмата и активностите на фестивалот ги одредува редакцијата: Јасна Котеска, Искра Гешоска, Никола Гелевски, Роберт Алаѓозовски и Иван Шопов.
Секоја година фестивалот доделува главна награда. Годинава добитникот е Давид Албахари, писател од Белград.

Освен Албахари, на фестивалот ќе учествуваат десетина странски гости, главно од регионот, и педесетина домашни учесници, писател(к)и, теоретичар(к)и, уметници...
Место на одржување: Паркот на Франкофонијата (Мобилната галерија). Резервна локација (во случај на дожд): ГЕМ клубот во Стара чаршија.

 

ПРОГРАМА

(секој ден од 18 до 23 часот)


Прва вечер, 28.06.16.

1. „ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ“
книжевна борба, со систем на елиминација, меѓу 32 писател(к)и

2. ПРОМОЦИЈА НА ТРИ НОВИ КНИГА ОД ЕДИЦИЈАТА „ГРАДОТ“
Бранко Тричковски - Сто мали приказни; Емил Алексиев - есеи; Јовица Ивановски - Песни за СК014

3. ПОСВЕТЕНО НА ИГОР ИСАКОВСКИ


Втора вечер 29.06.16.

1. ВЕЧЕР НА ДАВИД АЛБАХАРИ

2. ТРИ ПИСАТЕЛКИ: ТЕА ТУЛИЌ, ДРАГАНА МЛАДЕНОВИЌ, ТЕРЕЗИЈА МОРА

3. МОЈАТА ОМИЛЕНА КРАТКА ПРИКАЗНА

4. ТЕЛЕМАМА (концерт, вокал и гитара)


Трета вечер 30.06.16.

1. КНИЖЕВНОСТА И АКТИВИЗМОТ - ТЕОРИЈА

2. КНИЖЕВНОСТА И АКТИВИЗМОТ - ПРАКТИКА
Песничење - презентација на Драган Протиќ; Лажни пророци (видео) - Свирачиња

3. РАЗГОВОР СО МИЛАН ЃУРЧИНОВ

4. ПРОМОЦИЈА НА „ЕЛЕМЕНТИ“
белградското списание за популарна наука го претставува главниот уредник Слободан Бубњевиќ

РАБОТИЛНИЦИ
Книжевноста како игра
Пишување Паравести

Корисни линкови

Друга приказна на Окно

Албахари на Окно

Раскази на Окно

ОкоБоли главаВицФото