Исландски научници пронајдоа ефикасно решение за емисијата на штетни гасови

17.06.2016 11:47
Исландски научници пронајдоа ефикасно решение за емисијата на штетни гасови

Исландски научници пронајдоа извонреден начин за ограничување на емисијата штетни гасови во воздухот. Своето откритие го претставија оваа недела во магазинот Science.

Тие успеале да го претворат јаглеродниот диоксид во цврст камен, што во иднина би требало да го олесни складирањето на штетните честички и да го намали загадувањето на воздухот во светот. Секоја година ширум светот во атмосферата се емитираат повеќе тони јаглероден диоксид, а на тоа, судејќи според откритието на исландските научници, би можело наскоро да му дојде крај.

Ваквиот процес на отстранување на штетни гасови е многу побезбеден од вообичаените контејнери од кои е можно протекување.

Првата минерализација на гасовите траела две години, што е многу пократок период отколку што очекувале научниците. Тие претпоставувале дека минерализацијата ќе трае десет години.

Досега овој процес е испробан исклучиво на Исланд, а еден од научниците, Мартин Стут, изјави дека очекува процесот да биде применуван и на други места во светот каде има базалт. Стут додава дека се потребни и големи количини вода чијшто квалитет не мора да биде голем.

„Доколку овој процес се усвои, би можеле да покриеме голем број електрани ширум светот“, вели Стут.

Емисијата на штетни гасови во светот е зголемена дури за 70% од 1970 година.

„Процесот на минерализација не би го решил проблемот во целост, но би бил дел од решението“, објаснува овој научник.

Извор: klix.ba