1008 hPa
66 %
9 °C
Скопје - Саб, 20.04.2024 01:59
Откако на 12 април 2016 беше донесена криминалната аболиција од страна на претседателот Ѓорге Иванов, граѓаните масовно излегоа на протести, најпрво во Скопје, а потоа и во други градови. Иако подоцна аболицијата беше повлечена, граѓаните не престанаа да се бунтуваат против неправдата и злосторствата на режимот.
Серијата протести набрзо го доби името „Шарена револуција“, а шарањето на зградите на институциите окупирани од режимот стана заштитен знак на протестите.
Нешто повеќе од три месеци граѓаните протестираа речиси секој ден, а десетиците протести, меѓу другите, ревносно и посветени ги документираше фотографот Ванчо Џамбаски.
На Окно објавивме голем број прилози и галерии со неговите фотографии:
Против аболиција на криминалците!, 6-ти ден #Протестирам, #Протестирам 8.0, #ШаренаРеволуција 9.0, #ШаренаРеволуција 10, Партизаните против режимот!, Шарените „хулигани“, Шарена револуција 15, Правда за Мартин!, Шаренило пред УЈП, Шарам, СЛОБОДА барам!, Шарам, ПРАВДА барам!, НЕ за криминалот! НЕ за аболициите!, Став наместо страв!, Saturday Night Fever, Нашата уметност е бесплатна, Кривиот пишува кривични, Уште 5 дена!, Дар-Мар пред Собрание, „Ќе се чаталиме до слобода!“, „Бојата се мие, крвта не!“, „Хорхе, ти си срам за Македонија!“, „И јас сум хулиган/ка!“, „Куршумите живот значат, даско една“, Шарената револуција не признава фикус аболиција, Шарената револуција почна да му одбројува на режимот!, Герила пред Уставен суд...
Овде донесуваме мал избор од фотографиите на Ванчо Џамбаски од Шарената револуција објавени на Окно.