1013 hPa
49 %
32 °C
Скопје - Нед, 19.07.2026 11:59

Демонстрантите од Шарената револуција вчера на булеварот „Климент Охридски“ запалија голем број факели и го исцртаа бројот еден, објавувајќи дека на одбројувањето и рокот за исполнување на барањата му доаѓа крајот.
Со запалени факели, демонстрантите скандираа „Шутка не ти бега Никола“.
Шарената револуција најави масовен протест на 20 јуни (понеделник) и ги повика граѓаните активно да се вклучат во борбата против режимот.
Подолу можете да ги погледнете фотографиите на Ванчо Џамбаски од оваа акција.









