Видео снимка од шеретската литургија на Брбливите Попои, кои се молат за прошка на гревовите на кумовите Никола Груевски и Зоран Ставрески, како и нивните режимски компањони.
Случајот кој го открива ИРЛ за влијанието на Кабинетот на Анѓушев врз решение на физибилити студија која потоа станува одлука на Влада мора сериозно да се разгледа и од ДКСК и од Јавно обвинителство. Уште еднаш на виделина излегува колку е мала грижата за интегритетот во процесот на носење одлуки и колку лесно приватниот интерес си го наоѓа своето место и станува јавна политика.