Јавна дискусија, изложби и хуманитарна аукција на Светскиот ден на бегалците

20.06.2016 10:42
Јавна дискусија, изложби и хуманитарна аукција на Светскиот ден на бегалците

Фондацијата Отворено општество – Македонија, Легис, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и Младински образовен форум во понеделник на 20 јуни го одбележуваат Светскиот ден на бегалците. Настанот ќе се одржи во Мобилна/монтажна Галерија ЦАЦ, Парк на франкофонија, со почеток од 17:30 часот.

Овој ден е значаен за сите луѓе во светот кои се сметаат за бегалци, баратели на азил и внатрешно раселени лица. Имајќи предвид дека во 2015 и 2016 година светот се соочи со една од најголемите бегалски и хуманитарни кризи, овој ден е особено значаен за луѓето чии животи се загрозени, престојуваат и/или пристигнуваат во Република Македонија.

„Веруваме дека пристапот до правото на азил и хуманитарна помош во РМ треба да бидат целосно овозможени. За таа цел ве каниме на заеднички настан на кој ќе имате можност да се запознаете со луѓето за кои пишуваме и зборуваме, но и да дадете поддршка за хуманитарната организација Легис и можноста да ја продолжат својата неопходна работа во пограничните кампови во Македонија“, пишуваат организациите во поканата за настанот.

Целосната агенда за настанот може да ја најдете овде.

Извор: Радио МОФ