Прометеј овојпат не падна

21.06.16 15:33

Вчера се одржа најмасовниот протест на Шарената револуција. Протестот започна пред СЈО, а потоа десетиците илјади демонстранти се упатија кон Владата. Беа искршени прозорците и обоена фасадата на Министерството за правда, а особено тензично беше во Паркот на жената борец пред споменикот на Прометеј.

Повеќе маскирани демонстранти се качија на скелето околу споменикот и ги расфрлаа даските и мрежата со која беше обвиткан. Преку уривање на скелето, демонстрантите сакаа да го урнат и споменикот. Но токму кога се подготвуваа да тргнат да го турнат, одеднаш се појави кордон од специјални полициски сили кои ги растераа демонстрантите.

Сепак, и покрај тензијата, протестот заврши мирно и без инциденти. Подолу претставуваме избор од фоторафиите на Ванчо Џамбаски од масовниот протест.

ОкоБоли главаВицФото