1007 hPa
37 %
29 °C
Скопје - Пон, 11.05.2026 19:59

Улиците се претесни за сите
замолчувани, обезвреднувани,
понижени и навредени.
Булеварите се прекратки за сите
угнетувани, премолчувани,
обесправени, обесчестени.
Се сечат дрвореди. Се рушат планини.
Се шират улици. Се продолжуваат
булевари. Но пак сѐ е претесно.
Пак се игра нечесно. Пак иста перипетија:
за побунетите крај патиштата пак се
креваат крстови. За нови распетија.
Фотографија: Ванчо Џамбаски