1013 hPa
78 %
20 °C
Скопје - Пон, 09.09.2024 05:59
Во рамки на „Викенд на гордоста Скопје 2016 (Skopje Pride Weekend 2016)“ ќе се одржат серија настани на кои се слави солидарноста, слободата, човековите правата и алтернативните културни практики:
Четврток 23 јуни 19.30: Дебата АРГУМEНТИРАНО ИЗРАЗУВАЊЕ: „Овој дом (не) верува дека во сегашнава општествена-политичка криза прашањата за правата на ЛГБТИ заедницата треба да добијат поголема видливост“ (во соработка со МОФ како организатори и развивачи на концептот за АРГУМЕНТ)
Петок 24 јуни 21.00: Перформанс на Борјана Роса (Бугарија/САД) – ВО ФОКУС: ВНАТРЕШНОСТА.
Сабота 24 јуни 13:00: Предавање „14 години подоцна: Историскиот развој на ЛГБТ активизмот во Македонија“ – од Ана Мишковска Кајевска.
Сабота 24 јуни 21.00: Перформанс на Vaginal Davis - светски реномирана ѕвезда на перформансот, позната како terrorist drag, и една од основоположничките на хомокор панк движењето.
Недела 21.00: Целовечерна забава со The John и Новиот почеток (DJ сетови: Виолета Качакова, Хада Блам, Соња Исмаил).
Целта на серијата настани во рамки на „Викенд на гордоста Скопје 2016“ е да се креира и промовира поинаков светоглед, и да понуди радикална и многустрана критика на бинарниот родов систем, хетеронормативноста и националистичката хомофобија. Носечката идеја на годинешниот „Викенд на гордоста“ е СОЛИДАРНОСТА. Целиме кон подобар, поинаков свет, во кој гордоста и слободата се слават, а се става крај на хомофобијата и насилството.
„Викенд на гордоста“ е во организација на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и ЛГБТИ-Центар за поддршка при Хелсиншкиот комитет. Партнери на овогодишниот Викенд се Младинскиот образовен форум – МОФ и Кино Култура (Локомотива). Поддржано од Амбасадата на САД и Амбасадата на Франција.
Подолу можете да ја преземете деталната програма на Викендот на гордоста.
Прилог | Големина |
---|---|
Преземи | 720.5 KB |