Керамички скулптури обраснати со растенија

24.06.2016 09:09
Керамички скулптури обраснати со растенија

Џес Рива Купер произведува фини и необично изработени керамички скулптури, чии усти се широко отворени, а не затворени со блага насмевка или замолчени во контемплација, како што обично се изработуваат скулптурите направени според модели на луѓе.

Заплетканите винови лози и пупки од рози кои никнуваат од нивните усти, а во некои случаи листови од растенија растат и од носевите на овие бисти, целосно ги обраснуваат и покриваат нивните лица. Кај секоја скулптура растенијата се користат како украси и методи на уништување кои формираат круни на главите на субјектите, додека тие самите се заплеткуваат околу нивните вратовите во заканувачки гест.


Овие класични скулптури со вегетативен пресврт се инспирирани од влошувањето на економските и еколошки услови во места како што се Детроит, Мичиген, каде што домовите беа проголтани од растенијата околу нив, нивните локации обновени од природата.

Тоа е тенката линија меѓу животот и смртта, која Купер ја претставува во човечки форми. Природата извира, буи и се обвиткува околу нејзините фини бели фигури.

Уметницата и едукатор која живее и работи во Торонто, доби магистерска диплома во областа на керамиката од факултетот за дизајн на островот Род и моментно предава на колеџот Шеридан како дел од програмата за занает и дизајн.

Извор: www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото