Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора и БиХ: Британија мора да ги испoлни условите за да излезе од ЕУ

24.06.2016 10:31
Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора и БиХ: Британија мора да ги испoлни условите за да излезе од ЕУ

Скопје, 24 јануари 2013

Советот на министри на земјите од Неевропската Унија денес во Скопје соопшти дека пред Велика Британија има долг пат до зачленување во оваа меѓународна организација.

Потсетуваме, Велика Британија вчера изрази намера да излезе од Европската Унија, но судејќи според сè, претходно ќе мора да исполни цела низа услови.

„Велика Британија најпрво ќе мора да потпише Пакт за стабилизација и придружување, а потоа и да почне сеопфатен процес на усогласување на своето законодавство со прописите на земјите кои не се во ЕУ. Тука пред сè мислиме на прописите од областа на слободата на медиумите, судството, заштитата на човековите права и корупцијата. Дури потоа можеме да разговараме за добивање кандидатски статус, додека за датум за почеток на преговори сè уште е рано да се зборува“, рече Никола Груевски, премиерот на Македонија, земја која во моментов претседава со Неевропската Унија.

Како што неофицијално дознаваме, меѓу „големата петорка“ има доста несогласувања околу тоа дали сега е вистинскиот момент за проширување на оваа организација.

„Некои, како Србија и БиХ, сметаат дека е многу ризично да се примат некои поранешни членки на ЕУ, плашејќи се дека бранот на невработеност и сиромаштија од ЕУ ќе се прелее на Балканот. Сепак, повеќето се согласуваат дека на Британија треба да ѝ се даде шанса, особено затоа што оваа земја и никогаш не била искрена членка на ЕУ. За тоа најдобро сведочи фактот дека Британија никогаш не се откажа од својата национална валута, што прилично ќе го олесни влезот во нееврозоната“, вели висок функционер од Скопје кој бараше да остане анонимен.

Премиерот на Британија, Дејвид Камерон, денес изјави дека е охрабрен од ставовите на официјално Скопје и дека неговата земја ќе направи сè за да ги исполни во што пократок рок условите кои се поставени пред неа.

Извор: www.njuz.net