Викенд на гордоста, 1 ден

24.06.16 13:54

Вчера, со дебатата АРГУМЕНТИРАНО ИЗРАЗУВАЊЕ: „Овој дом (не) верува дека во сегашнава општествена-политичка криза прашањата за правата на ЛГБТИ заедницата треба да добијат поголема видливост“, на која учествуваа Софија Куновска, Јордан Шишоски, Билјана Секуловска, Стојанче Ангелов, и Славчо Димитров, започна годинешниот Викенд на гордоста, кој ќе трае четири дена.

На дебатата се разговараше за прашањето дали во сегашнава општествено-политичка криза прашањата за правата на ЛГБТИ заедницата треба да се актуализираат и да добијат своја видливост, или пак, истите треба да се остават за други, подобри времиња, за да се избегне креирањето на нови поделби и разводенување на отпорот и граѓанската мобилизација.

Атмосферата од првиот ден на Викендот на гордоста ја пренесуваме преку избор од фоторафиите на Ванчо Џамбаски.