1021 hPa
87 %
9 °C
Скопје - Пон, 14.10.2024 07:59
Скопје, 25 јуни 2016
Хаосот што настана утринава во светот поради одлуката на граѓаните на Велика Британија да се напушти ЕУ за среќа не се одрази во нашата земја.
Во Македонија беше спокојно. Улиците беа празни поради топлото време, безделниците продолжуваа да разговараат за дневна политика, а кучињата-скитници лежеа под сенката на дрвјата.
Ретките граѓани кои ги сретнавме главно беа намуртени поради зголемените цени на праските.
Од Министерството за здравство, поради некоја нејасна причина, се јавија со соопштение по повод резултатите од референдумот за излегување на В. Британија од Европската Унија.
Во соопштението, долго десетина страници, меѓу другото, се вели:
- Македонските граѓани не треба да бидат загрижени поради овој настан. Ништо нема да се промени во нивните животи, а најмалку ова ќе се одрази врз нивното сексуално здравје. Министерот би сакал да ви порача: бидете спокојни и работете на трето дете.
Брегзит не е директна закана ни за македонската економија, иако не се исклучува можноста да предизвика одредени сериозни и долгорочни последици.
Велика Британија е еден од нашите главни трговски партнери и земја од која доаѓаат поголем број инвестиции.