Зоолошката градина во Буенос Аирес се затвора по 140 години

28.06.2016 02:29
Зоолошка градина стара 140 години ќе стане едукативен еко-парк и засолниште за жртвите на трговија со животни

„Зоолошка градина во Буенос Аирес се затвора по 140 години постоење: „Заробеништвото на животните е понижувачко“!
2.500 животни ќе бидат преместени во природни резервати во Аргентина“ – соопштува градоначалникот. Зоолошката градина ќе стане едукативен еко-парк и засолниште за жртвите на трговија со животни.

Буенос Аирес ги објави плановите за затворање на зоолошката градина стара 140 години, со објаснување дека чувањето и изложувањето диви животни во заробени во кафези е понижувачки.

Градоначалникот Хорацио Ларета Родригез вели дека 2.500 животни од зоолошката градина, постепено ќе бидат преселени во природни резервати во Аргентина кои можат да им обезбедат попогодна средина. Зоолошката градина која се наоѓа во соседството Палермо ќе стане еко-парк кога ќе биде отворена кон крајот на оваа година.

„Оваа ситуација на заробеништво е понижувачка за животните, тоа не е начин на кој треба да се грижиме за нив“ – изјави Родригез на церемонијата во четвртокот.

Новиот еко-парк ќе биде „место каде што децата ќе можат да научат како да се грижат и да се однесуваат со различните видови животни“ – изјави градоначалникот. „Она што треба да ни биде на прво место и од најголема важност се животните. Начинот на кој тие живеат тука дефинитивно не е начин на кој треба да се води грижа за нив.“

Некои од видовите птици во зоолошката градина ќе бидат однесени во Reserva Ecológica, речен еколошки резерват кој опфаќа 864 акри во Буенос Аирес. Постарите животни и оние кои се премногу болни нема да бидат преместени.

Новиот еко-парк исто така ќе обезбеди и засолниште и рехабилитација за животни спасени од нелегалната трговија, изјавија градските власти.
Зоолошката градина во Буенос Аирес беше една од главните туристички атракции во градот, но и покрај својата популарност, оваа зоолошката која е во распаѓање е во загуба во однос на своите приватни концесионери.

Покрај тоа, таа привлече лош публицитет во последниве години, особено со очајните маки на заробените поларни мечки во неподносливо топлите лета во градот. Последната преостаната поларна мечка во зоолошката градина, наречена Winner, почина пред три и пол години, делумно поради високите температури и несоодветни услови во зоолошката градина.

„Најважно е кршењето на моделот на заробеништво и изложување“ – изјави адвокатот за правата на животните Герардо Бигила, долгогодишен борец за затворање на зоолошката градина во овој град. „Мислам дека се случува промената за која веќе сме подготвени, бидејќи денешните деца сметаат дека е сосема јасно дека не е во ред животните да бидат затворени во кафези.“

Меѓу педесетте животни кои ќе останат ќе биде и Сандра, орангутанот кој привлече големо внимание пред две години кога судот во Буенос Аирес ја прогласи за „не-човечко суштество“ со човечки права.

„Проблемот е во тоа што Сандра е хибрид од орангутаните Борнео и Суматра, па таа не се социјализира“ – вели Бигила. Но, Сандра и други животни кои не можат да бидат преместени, повеќе нема да бидат изложени за јавноста, изјавуваат градските власти.

Извор: www.theguardian.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото