Давид Албахари - добитник на првата награда „Друга приказна“

29.06.2016 12:45
Давид Албахари - добитник на првата награда „Друга приказна“

На Давид Албахари му е посветен главниот настан на вториот ден на книжевниот фестивал „Друга приказна“. Ќе бидат промовирани неговото концептуално книжуле со 16 флеш раскази, „Стар сум во Скопје“ и сетот поштенски картички „Девет лизарчиња од Давид Албахари“. Ќе биде прикажан и четирисетминутен филм за Албахари, филм на Искра Гешоска и Ѓорѓе Јовановиќ.

На настанот ќе биде врачена и главната награда на фестивалот „Друга приказна“, минијатурната скулптура „Награда“ направена од Билјана Клекачкоска.

Порака до фестивалот испрати лауреатот, Давид Албахари, кој поради болест беше спречен деновиве да дојде во Скопје, на фестивалот.

Денешната програма на фестивалот Друга приказна започнува во 19 часот во Паркот на франкофонијата во Скопје.

ОкоБоли главаВицФото