ЕЛЕМ предупредува: Не трошете премногу од евтината струја, ќе предизвикате колапс на мрежата

30.06.2016 16:28
ЕЛЕМ предупредува: Не трошете премногу од евтината струја, ќе предизвикате колапс на мрежата

Скопје, 30 јуни 2016

По повод историското намалување на цената на струјата, јавното претпријатие ЕЛЕМ ги предупреди граѓаните да не се опуштаат премногу во искористување на електрична енергија, бидејќи можат да предизвикаат колапс во мрежата за снабдување.

„Откако се дозна дека струјата ќе поевтини, забележавме раст на потрошувачката на електрична енергија. Свесни сме дека ова огромно поевтинување ќе предизвика мало опуштање кај граѓаните, но предупредуваме да внимаваат, бидејќи нерационалното трошење струја во моменти кога таа е со симболична цена, односно живо џабе, може да доведе до пад на енергетскиот систем“ соопштуваат од ЕЛЕМ.

Регулаторната комсија за енергетика дека одлучи да ја поевтини струјата за неверојатни 0,25 отсто, што беше поттик за органзиирање прослави во неколку градови низ земјата.

Извор: kozanostra.net