Дојдени сме до точка од која нема назад

01.07.2016 10:45
Дојдени сме до точка од која нема назад

Она што се случи вчера беше целосно демаскирање на режимот. Студентите, кои мирно протестираа против нерегуларности на изборите за Студентскиот Парламент, кој е здружение на граѓани во кое тие членуваат, а не јавна институција, беа насилно растерани од страна на бројни специјални полициски сили, со полна воена опрема. Од таа бруталност се срамеа дури и некои од полицајците, што се гледаше од тоа што постојано гледаа во земја, не можејќи да се соочат со нашите погледи.

Она што се случи вчера беше и показна вежба за тоа што следува. Режимот кој може да прати толкави полициски сили за да растера стотина студенти кои се противат на нелегално инсталирање на режимски послушници како нивни претставници, несомнено е спремен да направи многу полоши работи за да ги заштити своите криминали.

Сакаме ли да живееме под ваков режим?

Затоа, она што се случи вчера нека ни служи како мотивација за уште похрабро, посилно и помудро да продолжиме со борбата. Зашто, дојдени сме до точката од која нема назад. Или режимот, или ние.

Извор: Фејсбук профилот на авторот