Реакции на скандалозните студентски избори и инцидентите пред СПУКМ

01.07.2016 12:43
Реакции на скандалозните студентски избори и инцидентите пред СПУКМ

Уранија Пировска

Пред наши очи применија сила врз студентите! Ги влечеа по земја да ги изнесат од просторијата, а нас нè буткаа со штитовите! Применија сила врз млади луѓе што ја бараа правдата! Полициската бруталност продолжува со уште поголем замав! Ова вечерва беше доказ дека режимот решил да удира уште посилно и посурово! Тоа треба да ни биде насочувач за тоа што треба да правиме понатаму! НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР!

Румена Бужаровска

Згрозена сум и шокирана од вчерашниот настан - од скандалозните избори на СПУКМ, каде што бевме сведоци на фарсично и срамно крадење на гласачки кутии и бегање со нив, до кулминацијата на целиот настан, а тоа е свикување специјални сили наоружени до заби кои насилно и силеџиски нападнаа група правдољубиви и мирољубиви студенти со поголем интегритет и храброст од целокупната академска заедница, при што специјалците ја исполнија својата цел и заштитија криминални и нелегитимни избори. Доколку власта е спремна на ваков насилен начин да заштитува изборен криминал, останува прашањето што ќе се случи кога ќе имаме парламентарни избори. Истовремено сум горда што имаме студенти што во време кога владеат силеџиството и неправдата бестрашно стојат на вистинската страна на историјата.

Синоличка Трпкова

Полицијата е чипирана, не чита весници, не гледа вести и не ја интересира иднината на нејзините деца. Полицијата никогаш нема да се спротивстави на наредба. Полицијата не ги штити граѓаните, туку криминалот. Полицијата е нашиот државен непријател бр. 1. Неа нема да ја победиме ни со сила ни со ум. Потребна е стратегија и долга подготовка за борбата со фашизмот што допрва ќе гази. Какви избори, какви преговори, какви бакрачи, какви медиуми. Друг е начинот!

Мирјана Најчевска

Ова на видеото не се полицајци. Тоа што некој ќе облече униформа не го прави полицаец.

Ова се криминалци во униформа на полицајци.

Ваква злоупотреба на Министерството за внатрешни работи немало во Македонија уште од нејзиното воспоставување како држава во минатиот век.

Не се случило вооружени криминалци да се изживуваат врз студенти и професори.

Чавков мора да биде не само повикан на одговорност туку и под итно отстранет од функцијата на која е поставен спротивно на Уставот.

Човек кој со кршење на Уставот дошол на одредена раководна позиција не може да управува со полицијата на друг начин освен со кршење на законите, односно со употреба на криминалци облечени во униформи на полицајци.

Чавков мора да биде тргнат. Не од министерската позиција, туку од министерството воопшто и мора да му биде ограничено делувањето. Тоа е прв чекор во воспоставувањето на правото.

Паралелно со ова мора да се блокира исплатата на овие криминалци од нашите пари.

Ни денар повеќе за мафијата. Отсуството на пари ќе резултира во нејзино откачување од вратот на државата. Исто како кога ќе намачкаш со бензин крлеж кој ти се закачил и ти ја цица и труе крвта.

Бранимир Јовановиќ

Она што се случи вчера беше целосно демаскирање на режимот. Студентите, кои мирно протестираа против нерегуларности на изборите за Студентскиот Парламент, кој е здружение на граѓани во кое тие членуваат а не јавна институција, беа насилно растерани од страна на бројни специјални полициски сили, со полна воена опрема. Од таа бруталност се срамеа дури и некои од полицајците, што се гледаше од тоа што постојано гледаа во земја, не можејќи да се соочат со нашите погледи.

Она што се случи вчера беше и показна вежба за тоа што следува. Режимот кој може да прати толкави полициски сили за да растера стотина студенти кои се противат на нелегално инсталирање режимски послушници како нивни претставници, несомнено е спремен да направи многу полоши работи за да ги заштити своите криминали.

Сакаме ли да живееме под ваков режим?

Затоа, она што се случи вчера нека ни служи како мотивација за уште похрабро, посилно и помудро да продолжиме со борбата. Зашто, дојдени сме до точката од која нема назад. Или режимот, или ние.

Ања Или Ева

„Најлоша од сите видови неписменост е политичката неписменост. Политички неписмената личност не слуша, не зборува ниту учествува во политички случувања и настани. Таа не знае дека трошоците за живот, цените на гравот, рибата, брашното, киријата, чевлите, лековите и други намирници и ресурси зависат од политичките одлуки. Политички неписмената личност е толку глупава што е горда и се удира во гради говорејќи дека мрази политика. Тој имбецил не знае дека од неговото политичко незнаење се раѓаат проституцијата, напуштените деца и најлошите од сите криминалци – лошите политичари, корумпирани и поткупени од страна на локалните и мултинационалните компании.“ - Брехт

Јана Јакимовска

Сите кои работите во високообразовни институции а не наоѓате за сходно барем вербално да го осудите ова што се случи вечерва пред СПУКМ, не заслужувате да ја имате привилегијата да им давате знаење на студентите. Зашто ваше не е само да давате знаење, туку и поддршка во сите нивни чесни и неизвалкани борби. Нека ви е сончево утрово. Јас око не склопив.

Бранко Тричковски

Сакате избори?
Нашата единица за брзо распоредување ви стои на располагање!

Атанас Кировски

Лажирањето, силеџиството, манифестацијата на сила, потребата сè да се контролира, се страшни работи, ужас, но за нив барем има надеж дека ќе се променат. Но, кога млади луѓе, сè уште пред портите на животот, ќе го одберат патот на клиентелизмот, и преку подмладоци на партии да се излактаат за кариерички, наместо во нив да проработи бунтовниот дух, да сакаат да го променат светот, да бараат правда, да ни речат ебете се и вие и вашите општествени и политички норми, е тоа ме прави тажен до распаметување. Тоа е смртта на една нација.

Јане Ѓорѓиоски

Ако вака демократски, фер и со крадење на кутии од страна на дебеловрати пулени на ДПМНЕ, пред очи на студенти, пред камери се „одвиваа“ студентските избори, што би ги спречило да биде поинаку на евентуални скорешни парламентарни и локални избори кои следат? Па оди после објаснувај се со бараби... Абе сиктер!

Демијан Хаџи-Ангелковски

Вчерашното однесување на ЕБР и МВР сеопшто, треба да се забележи како начисто најлудото и веројатно директно нарачано од највисоките ешалони на ВМРО. Бидејќи немаа една добра причина да нè тргнат од пред вратите на СПУКМ, тоа го направија под превезот да внесат 3 гласачки кутии, кои цели 4 часа претходно ги пријавивме за украдени.

Да, да, добро прочитавте. Ние викнавме полиција први. Не сакаа со малото прсте да мрднат командирите. Ти му збориш, тој не те ни слуша. Канти тропаат.

На видеово убаво се гледа, како тројцата студенти од медицински факултет (да, да убаво ги познавам колеги ми се), со украдените кутии и со ЕБР зад нив пробуваат да влезат во СПУКМ. Притоа наидуваат на блокиран влез од седнати студенти со кренати раце. Едниот се врти кон ЕБР, ги повикува и после настанува хаос. Правна основа за реакцијата на ЕБР - НЕМА!

Тројцата „маченици“ се:

1. Стојанчо Јовановски - потпретседател на Парламент на медицина и член на УМС. Не можам да ви опишам колку е неписмен и притоа ВМРО.

2. Бојан Будиќ - претседател за комисија за спорт при Парламент на медицина и член на УМС. Најдобри другари со Стојанчо, еднакво неписмени. Длабок поддржувач на сè што значи Груевски.

3. Ернес Никочевиќ - рандом линк што се надевам дека го имаат врбувано и присилено на некој начин, бидејќи немам објаснување што по ѓаволите бараше вчера тука. Инаку паметен, контра вмро, одличен студент и бивш пленумец.

Заради овие тројца не-студенти, мене ми повредија другари и другарки, кои барем беа храбри и не плачеа како мали деца, за разлика од Кирил Спировски и неговата багра криминална кои бегаа како пи*ки среде ноќ од заден влез на Кузман, заштитени од ЕБР.

Е, тоа е ВМРО, драги мои. Обичниот граѓанин ќе го тепаат, а таа стока нивна ќе бега заштитена од полицијата. Бевме смирени, бевме кул, сега веќе не сме...

Моника Стојановска

А бе, гнаси, мутанти, патолошки болни, исто зло у милион форми манифестирано, немам поголема желба у животов мој од таа да го дочекам крајот на оваа мизерија. Не знам како ќе дојде, не знам кога, не знам што треба да се случи и страв ми е од тоа, ама ќе дојде последниот ден на ова лудило и знам дека ќе го дочекам тоа.

Насилници без една клетка мозочна, без никаков капацитет мисловен, а бе разум и свест ви се толку далечни што не можете ни да си ги замислите. И полиција, и специјални единици, и УМС што цел живот буреци ќе им купувате на дебелогасците што прст нема да мрднат за вас и што ќе ве згазат во прва прилика, пошто НЕ ИМ ДОШЛО ДО ВАШИТЕ МЛАДИ СИЛИ.

Не ми се ни пишува, зашто на себе си се обраќам и само замарам луѓе, ама не се трпи веќе оваа гнасотија во секоја пора влезена во државава што се претвора во ништо повеќе од една голема депресија.

Само ме држи силна помислата дека ЌЕ СИ ОДИТЕ и ќе ГНИЕТЕ во затвор и ќе платите што со моите 23 години се осеќам ВИНОВНО кога излегувам и кога патувам, зашто знам дека истовремено државата ми гори и што живеам во замислена слобода.

Патриотите големи, бранители на Македонија, па вие толку сте далеку од љубов што не можете ни да ја перцепирате, за вас тоа чувство е привилегија недостижна.

Ќе си одите и ќе скапувате додека за нас ќе почнува новиот живот што сме го заслужиле.

Ирена Мила

ЕБР-Единица за брзо распоредување, кога ќе си легнете, се осеќате моќно дека сте тепале студенти?

Кога ќе си легнете, не ви е мака дека го одбранивте само трулото?

Кога ќе си легнете, не размилсувате дека некој ве потценува и вe користи како алатка за да си го одабрани својот криминал.

Кога ќе си легнете, не помислувате на заклетвата која ја дадовте: да му служам на народот?

Мене ми е тажно што ве злоупотребуваат. Мене ми е тажно што дигате пендреци на нашата иднина, онаа слободумна, а ја браните онаа корумпираната.

Вчера беше дното.

Еднаш тепавте во библиотеки, сега во студентски домови.

Јас не знам со која мисла си легнувате?

Тажни сте, тажни дека станавте дел од самиот криминал, и пет души ве вртат како што сакаат.

Изгубивте достоинство, се изгубите и самите себе. Сега сте само предмет за бранење криминал. Ве гледав некои во очи вчера, се срамите. Ама наведнување глава не е доволно.

Владо Апостолов

Јасно ми е дека вчера ЕБР спречи судир меѓу студентите, ама не ми е јасно зошто полицијата дозволи да дојде ситуацијата до таму. Кога МВР и Обвинителството може да се занимаваат со местенки на Макфест, не знам зошто помалку е важен изборот на студентски лидер.

И не, не поминува приказната дека специјалциве само следеле наредби, по хиерархија, оти по таа логика новинарите-пропагандисти се невини бајчиња коишто само спроведуваат наредби од „горе“.

Според таа логика, сите оние што напуштиле медиуми, се согласиле на помала плата или на никакви примања само затоа што не сакале да бидат нечиј „специјалец“ и потоа гласно зборувале за проблемите во медиумите, се глупави?! Можеле да следат наредби и да викаат „така ми рече уредникот, а нему му нареди газдата, јеби га“.

Од новинарите се бара морална вертикала и одговорност, а од џандарите и од цела администрација само командна вертикала? Ма немој!

И немојте, ве молам немојте да ми кажувате дека споредбата не е соодветна, дека полицајците имале далеку поодговорна и поопасна работа. Оние што одбиле новинарска задача и не се вклучиле во нечиј линч се будали?

Или можеби лудаци се оние што пишуваат за криминалните шеми на власта во време кога за сѐ и сешто можеш да завршиш на суд, кога сопственик на медиуми излетува од пат и се губи трага на мобилниот, кога друг колега оди во затвор за напишан текст и кога сведок на обвинителство се убива откако си ја олеснил душата во СЈО?

Затоа, освен соучесници, не ми текнува на друг епитет за полицајците. Не ми текнува.