Не е фер да стоите настрана и да чекате студентите сами да се одбранат од режимот

01.07.2016 14:47
Не е фер да стоите настрана и да чекате студентите сами да се одбранат од режимот

Драги пасивни ФБ-пријатели, уште ова за денес:

Нема пад на режим без ваше учество, без огромен број граѓани кои ќе тргнат по правда!

Не е фер да стоите настрана и да чекате студентите сами да се одбранат од режимот. Не е фер. Тоа се ваши деца, внуци, роднини, комшии, пријатели, другари... Kако се чувствувате кога го гледате силеџиството врз нив, нели ви доаѓа да реагирате?

Не е фер да седите настрана и да очекувате само опозицијата да го сруши режимот, не е фер. Затоа што режим не се руши без големо учество на граѓаните. Не е фер вие само да коментирате, a некој да гине, животот да го ризикува, да лежи затвор, да биде тепан, да биде жртва на пропаганда, за заедничка слобода. Не е фер.

Не е фер да очекувате да се ослободите од најголемото зло кое на Македонија ѝ се случило од 1944 навака, a без притоа да дадете свој придонес во тоа.

Мнозинството граѓани сметаат дека Македонија оди во погрешен правец, мнозинството граѓани сметаат дека живеат лошо, мнозинството граѓани го поддржуваат СЈО во неговата работа, мнозинството граѓани сметаат дека власта ги прислушкувала, мнозинството граѓани сметаат дека изборите не биле фер и демократски... но, тоа не е доволно режим да падне, не е. Македонија не е Финска, Данска, Германија, ниту е Словенија, туку е режимска, полициско-партиска држава.

Македонија денес е како Србија во времето на Милошевиќ, каде мнозинството беше против војните во Словенија, Хрватска, БиХ и Косово, каде мнозинството беше против политиките кои од нив направија најсиромашни граѓани во Европа во тоа време, кога ќе земеа плата поради инфлацијата ја трошеа за пола ден, каде мнозинството беше против тепањето на студентите, но тоа не беше доволно. Не до 5 октомври.

Режимите не паѓаат со тивко мнозинство. Затоа, секој кој не се согласува со режимот треба да помогне. Кој колку може. Пред сè поради себе и своите најблиски. Затоа што ако режимот опстане, ќе продолжиме да тонеме, затоа што ќе бидеме уште повеќе изолирани од светот, затоа што ќе живееме уште полошо и повеќе мизерно.

Не е ова битка само на опозицијата и Заев против власта, не е ова битка ниту само на Катица, Фатиме и Ленче против криминалот, ниту на активистите и студентите против неправдата. Ова е борба на граѓаните против криминалниот режим, а таа без масовно учество на граѓаните не се добива. Секој кој е против режимот мора да придонесе во борбата колку што може и како што знае, така сигурно ќе паднат. Вклучи се за да не биде предоцна!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија: Ванчо Џамбаски

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото