МВР со нова услуга: Асистенција при извршување тешки кривични дела

02.07.2016 17:48
МВР со нова услуга: Асистенција при извршување тешки кривични дела

Скопје, 2 јули 2016

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од понеделник го започнува големиот проект „Асистенција при извршување на кривични дела“.

Проектот ќе има за цел да му понуди бесплатна помош на секој оној кој ќе се одлучи да стори кривично дело, а притоа се чувствува загрозен од околината.

„Секој оној кој сам или во група ќе се одлучи да стори кривично дело или низа на кривични дела, а притоа нема логистичка поддршка, може да се јави на нашата отворена линија и нашите службеници ќе му излезат в пресрет. Бројот на унифомирани полициски служебеници како и нивниот состав ќе зависи од сериозноста и истрајноста во првењето кривични дела. Сè што треба да направат крајните корисници за добивање на услугите е да покажат уредно заверена книшка од владејачката партија“, се наведува во соопштението на МВР.

Извор: kozanostra.net