Курвинска дисторзија - феномен Ала Трендо

04.07.2016 04:43
Курвинска дисторзија - феномен Ала Трендо

Офф.нет е моќен медиум, нема дилеми за тоа. Трендо, за жал, сè уште се вози на возот кој се залета во 90-тите со емисијата Валкан Експрес на Сител, колумните во Дневник т.е. Антена и емисијата Милионер на А1, потоа речиси 10 години уредништво во Он.нет.

Тој сè уште кај голем дел од јавноста е миленик, јавноста сè уште му простува за неговите режимски злодела, Трендо на некој начин е македонскиот О.Џ. Симпсон, и исто како што на Американците им требаше 20 години за да го осудат О.Џ. за неговите злодела, така и нам ќе ни треба долго време да сфатиме каква скапана пичка и гнаса е Трендо.

Но, додека да се случи тоа, Трендо си продолжува по старо, а тоа е мега реакција на работи кои не се штетни за режимот, а мукла-систем и правење ЈА НИСАМ ОДАВДЕ за случаи и нешта кои се поврзани со режимот, директно или индиректно.

Последиците од тоа се феномен кој го нарекувам КУРВИНСКА ДИСТОРЗИЈА! За што се работи? Преку таа чудна нерамномерна и нереална реакција на Трендо и Офф.нет, во земјава се дисторзира моралот, етиката и вредностите, барем она што важи на интернет, иако бранувањата на Офф.нет преку социјалните мрежи се пренесуваат и на другите медиуми и преминуваат очекувано и во реалниот живот и разговорите по кафулиња и седенки.

Еве го последниот пример: видеото на Алекс Ружин и неговата девојка благодарение на Офф.нет е масакрирано на интернет и социјалните мрежи. Од друга страна, Офф.нет молчеше за сите скандали од бомбите на Заев, кои се милион пати ПОСКАНДАЛОЗНИ, ПОСТРАШНИ, ПОЛУДИ, ПОНЕНОРМАЛНИ!!!

Да, Алекс Ружин и девојка му можеби малку претерале со јавноста на своите приватни релации и чувства, но како е ова пострашно од смртните закани, лудите исповеди, барањето милионско мито, милионот на Ивона, заканите за семејството на Тоше, гатачките на Грујо итн. за кои Трендо речиси и да не реагираше?! А се сеќавате што ми одговори мене во емисија за убиството на Мартин Нешкоски?! За смртта на малата Тамара исто така молчеше...

Тие 100.000 дневни читатели на Офф.нет што ќе си помислат потсвесно поради ова?! Нивната психа се дисторзира, и во нивната глава „злоделото“ на Алекс Ружин е на исто ниво или полошо од злоделата на Латас, Мијалков, Ивона, Миленко, Грујо, Миле, Гоца, Ставрески, Марјан од Прилеп, Бети, Маја Иванова итн...

Такви курвински дисторзии има многу во земјава, Ала Трендо е само една од нив. Затоа земјава го губи паметот!

И мајка на сето тоа е Грујовата лудост и пореметеност, од таму извира сè, но за жал има курви како Трендо, Бетмен, Бурек, Миленко итн. кои се фаќаат на орото и ја играат оваа валкана расипана игра! За да заработат пари или за да си го зачуваат комодитетот и мирот. Опортунизам и адаптирање на правилата на лудаците. Народски кажано, ПИЧКИ У ДУША или ПУД-ови!

Извор: Мактел
Слики: Свирачиња