Од улица ќе се избориме за нашиот ГТЦ!

05.07.2016 09:24
Од улица ќе се избориме за нашиот ГТЦ!

Многумина побараа наша реакција за новата најава за барокизирање на ГТЦ. Што да кажеме? Дека сме зачудени? Разочарани? Дека сме загрижени? Гневни?

Досега пробавме сè за да го заштитиме нашиот сакан ГТЦ. Го гушкавме, го браневме, му пеевме песни, едукативни прошетки, издававме книги, обединивме стручна и општа јавност за негово зачувување. Што е најважно, минатата година организиравме референдум каде ГТЦ доби повеќе гласови од кој било политичар или партија претходно.

Сепак, со инаетот на владата не може да се натпреваруваме. Во услови кога триумфалната порта се смета за културно наследство, а се притвораат активисти што ја шараат, како треба да реагираме на очигледноста на изиграните закони? Како системското уништување на еден град не е поголем вандализам од фрлањето боја!

Оваа влада е целосно исклучена од реалноста. Дента кога ЕУ ги блокираше ИПА фондовите и блокираше големи инфраструктурни проекти како автопатот кај Демир Капија и пругата кон Бугарија, тие ѝ ги одзедоа надлежностите на О. Центар за да потрошат нови десетици милиони евра на уништување на културно наследство. Со оваа влада нема разбирање, а Скопје 2014 може да се спречи само ако владата падне. Затоа, ги повикуваме сите наши поддржувачи да се приклучат на протестот на Шарената Револуција во среда. Покрај правда и слобода, од улица да се избориме и за нашиот ГТЦ!

Извор: Го сакам ГТЦ

Слични содржини

Јавни простори / Култура
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Општество / Јавни простори
Активизам / Јавни простори / Став

ОкоБоли главаВицФото