1020 hPa
93 %
![облачно, магла облачно, магла](/sites/all/modules/weather/images/night-overcast-fog.png)
2 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 03:59
(едноминутна чест на Давид Албахари)
Девојчето е старо. Постојат ли реално писмата што му ги пишува секој ден, а тој не ги добива? Тој можеби би ги читал, Таа сигурно не би ги ни пишувала. Раката ја боли од аутизмот на пишувањето и сврделот во зглобот е единствениот сведок дека таа не го заборавила, а тој не ја помни. Она што се одмотува од сакањето на остареното девојче се намотува на неговото вечно младо нејќење. Макарата си стои на исто. Конецот е бескраен, иглата е тапа, графитниот молив е опасно и залудно наострен. Она што не се чита, не е ни напишано.
Слика: Марк Елиот