1013 hPa
83 %
19 °C
Скопје - Пон, 09.09.2024 06:59
Денес, полицијата повторно потфрли пред своите граѓани. Повторно, по којзнае кој пат.
До кога? До кога ќе барате да имаме разбирање за вашите глупави и противзаконски наредби? Не Чавков, не некое партиско подлизурче на началничка позиција, туку вие што ги редите штитовите и водените топови пред нас. До кога ќе ограничувате слобода на движење, до кога ќе тепате студенти, апсите демонстранти за глупости? До кога ќе прикривате убиства и секаков друг криминал по наредба на малото диктаторче?
Свестете се, полицајци! Сетете се на својата заклетва и помислете дали во џебот носите значка или партиска книшка!
Бидејќи МВР и полицијата им припаѓаат на граѓаните, не на идиотите под истрага за тежок криминал. Сè друго, без разлика на униформата, грбот, значката и опремата е паравоена банда.
Разбудете се! Им требате на своите граѓани, ѝ требате на Македонија!
А дотогаш, за жал, јас се срамам од својата полиција. Од секој нејзин припадник, од прв до последен.
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија: Ванчо Џамбаски